ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УИС: Осудениот Зоран Милески достави специјалистички извештаи од лекарски прегледи и дијагноза „Суправентрикуларна тахикардија“

September 6, 2021 15:40
in ДЕНЕС, ПРАВДА

На осудениот Зоран Милески му е одобрен 30-дневен прекин на издржувањето на казната затвор, поради влошена здравствена состојба, за која тој доставил и специјалистички извештаи од лекарски прегледи, во кои е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дспинеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес. Милевски треба до 09.09.2021 година да се врати во КПД Струга, информираат од Управа за извршување на санкции – УИС.

Милесеки, беше еден од учесниците во сообраќајната несреќа, која се случи во саботата на патниот правец Гостивар-Кичево, во која едно лице загин, а седум беа повредени.

На осудениот Зоран Милески, како што информираат од УМС, со решение од 10.08.2021 година му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл. 225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите. Казната затвор, која оваа осудено лице ја издржува во КПД од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната.

– Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од  причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид. Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дспинеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со amp.Presolol и amp.Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција, информираат од УИС.

Дијагнозата, се вели во соопштението, за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е „Суправентрикуларна тахикардија“ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија.

– Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено, се вели во соопштението од Управа за извршување на санкции.

Зоран Милески – Кичеец е осуден на три години затвор, откако го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание. /МИА/.

Next Post

Заев: Растот на БДП во вториот квартал е потврда дека економијата е стабилна

НАЈНОВО

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk