ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Честит празник! Заслуживме!

September 7, 2021 08:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

„Државава нема да биде добро место за живеење за никого, доколку не ја направиме да биде добро место за живеење за секого.“

Ова не е изјава на некој македонски политичар во изминатите триесетина години, туку на американскиот претседател Теодор Рузвелт, таму негде од пред 120-тина години. Па, и најстарата демократија со пишан устав во светот, САД, знаеме, 234 години секојдневно се бори да го достигне идеалот на својот 26-ти претседател Рузвелт. И не им оди лесно.

Нашите 30 години независност, што ги славиме на овој 8-ми Септемрви, се добар повод за да се потсетиме каде бевме и до каде стигнавме. Има многумина кои ги паметат бурните и опасни настани од пред триесетина години, со воено-политичката драма од распадот на некогашната југословенска федерација. Многу од важните актери на тие настани се починати (како Киро Глигоров и Никола Кљусев, на пример, но и дел од првиот собраниски состав и клучни луѓе од тогашните партиски раководства); други се живи, но и овој важен јубилеј ќе го премолчат (како Бранко Црвенковски, на пример); сепак, неколкумина важни и директни учесници во настаните (како Стојан Андов и Љубчо Георгиевски) во своите изјави деновиве со право контекстот на нашата триесетгодишна независност го „бојат“ позитивно.

Бидејќи, не е мала работа и скромно достигнување да се прогласи независна држава, таа за релативно кратко време – и покрај сите познати перипетии, вета и блокади – да биде признаена од сите и да биде примена како полноправна членка на Обединетите нации, а тоа да не мора да го „плати“ со крвта на своите граѓани. Кој тоа не знае да го цени, веројатно ги заборавил или никогаш не го интересирале тогашните трагедии и сцени од фронтовите по Босна и Хрватска, а подоцна и на Косово. Впрочем, ни безбедносниот конфликт од 2001 година оваа држава немаше да го преживее (sic!), да не беше веќе суверена и независна, со почит кон оние кои ги дадоа своите животи за одбраната и за унапредувањето на таа државност.

Другото е историја. Која допрва и ќе се пишува. Таа историја сите денешни полнолетни граѓани на Република Северна Македонија добро ја знаат, бидејќи ја имаат почувствувано „врз свој грб“. Нема потреба да се прават посебни анкети за расположението на јавноста по повод овој 8-ми Септември во однос на граѓанските ставови за партизацијата на општеството (во што, патем, голем дел од нив учествува), за распространетоста на корупцијата (во што, патем, голем дел од нив учествува) или за квалитетот на политичарите и политиката во државава (коишто, патем, мнозинството граѓани ги бира или ги потврдува нивните идеи на избори). Во тие евентуални анкети речиси никој нема да биде задоволен од економско-социјалната состојба во државата, а не би бил мал ни бројот на оние кои поинаку ја замислувале или сега го посакуваат нејзиниот понатамошен домашен и меѓународен развој и ориентација.

Сепак, кога нашите генерации ќе ги покрие „рузмарин и шаш“ и кога ќе се подзаборават сите изминати афери, скандали, анегдоти и политикантски епизоди, како и пропаднатите и успешни проекти, она што ќе остане е фактот дека пред 30 години се востанови македонската државна независност како меѓународен факт што не може да се спори.

Тоа е доволна, а и одлична причина да си го честитаме и овој 8-ми Септември, Денот на независноста на државата.

Честит да ни е празникот!


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk