ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Блаже Алексоски – Глумецот, првиот лауреат на МТФ „Војдан Чернодрински“

IN MEMORIAM Блаже Алексоски – Глумецот целиот свој живот му го подари на театарот. Бил еден од основачите на театарот, во кој се вработил во 1953 година и го дал својот придонес се до неговото пензионирање

December 21, 2019 09:08
in КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

IN MEMORIAM

На денешен ден во 2015 година почина Блаже Алексоски – Глумецот, актер во пензија од театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Блаже Алексоски – Глумецот целиот свој живот му го подари на театарот. Бил еден од основачите на театарот, во кој се вработил во 1953 година и го дал својот придонес се до неговото пензионирање.

Одиграл голем број улоги – Луков во Чашулевата „Црнила“, Омер во „Робот и Агата“ од Чернодрински, Ристе во „Мангите пијат чај“… Остана запаметен по улогата „Татко“ од Стринберг. Оствари и завиден број режии на театарски претстави, пред се на битови драми, меѓу кои на „Бегалка“, „Печалбари“, „Антица“…

За своите актерски реализации Алексоски се здоби и со признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и со наградата за животно дело на овој фестивал.

Тој беше првиот лауреат на ова угледно фестивалско признание од Прилепскиот театар. За неговиот придонес за театарот признание му оддаде и Општина Прилеп. Во последните години Алексоски стана вистински хроничар на Прилеп. Како драматичар дебитираше со пиесата „Итроман Пејо“, а напиша уште десетина драмски текстови, меѓу кои и „Колобан“, по кој се играше и истоимената претстава во театарот. Ги напиша и делата „Аџи Христо Логотет“, „Тале Мелезот“, романот „Ах“, „Прилепските прекари“, а остави зад себе и необјавени творби.

„Ќе остане запаметен дека драмската сцена ја исполнуваше со фини и непосредни тонови, со една специфична мекост и непосредност, со многу топлина и шарм, оставајќи впечаток пред се со чистата и лична дикција, со природната и доживеана игра, со изостреното чувство на вајање на детаљот.“, велат неговите колеги од театарот Војдан Чернодрински од Прилеп.

Ј. Ѓ.

Next Post

Џохар Дудаев за нов претседател на Врховен!

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk