ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерството за правда ги отфрла обвинувањата од страна на Мицевски дека Владата сака насила да „протне“ 12 закони со европско знаменце

September 7, 2021 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за правда како целосно невистинити ги отфрла обвинувањата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој и покрај тоа што го знае процедури, изјави дека Владата сака насила да „протне“ 12 закони со европско знаменце.

Имено, повеќето од овие закони се на Министерството за правда и се дел од Стратегијата за реформи во судството чие спроведување е наша обврска кон граѓаните и кон ЕУ. Дел пак, како на пример Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители се работени во директна координација со Европската комисија. Дополнително, сакаме да потсетиме на процедурата, односно некој закон да добие европско знаменце не е важно колку членови се усогласуваат. Важно е само дали има усогласување или не. Во случајов секако дека има. Исто така, овие закони се дел од Националната програма за усвојување на европското законодавство и го имаат потребниот ЕПП број.

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ тоа добро го знаат и со жалење констатираме дека наместо да влезат во собраниска дебата со цел да дадат и свои предлози, тие свесно манипулираат на штета на реформите во судството, а со тоа и директно на граѓаните.  Некои од овие Закони, како на пример оној за парнична постапка се двотретински, така што гласовите и соработката со опозицијата ќе биде потребна со цел заедно да придонесеме за судските реформи за кои толку многу говориме.

Овие законски решенија треба да обезбедат олеснети судски постапки во граѓанските предмети и зголемување на транспарентноста во работата на судовите.

Воедно сакаме да потсетиме дека некои од овие закони веќе одамна се подготвени од Министерството за правда, усвоени и испратени во Собранието, но поради блокадите на опозицијата тие долго време не се најдоа пред пратениците.

 

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Нова владина одлука- се спречува злоупотребата на службени возила

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk