ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Биткоинот стана официјална валута во Салвадор

September 7, 2021 17:20
in TECH FRONT, ДЕНЕС

Пркосејќи на предупредувањата на големите економии и финансиски регулатори, но и несогласувањето на мнозинството население на таа централноамериканска земја, Салвадор стана првата земја во светот во која биткоинот се користи како официјална валута, што аналитичарите веруваат дека може да влијае на позицијата на криптовалутите во глобалниот финансиски систем, објави Радио Слободна Европа.

Салвадор од денеска е првата земја која го прифати биткоинот како легално средство за плаќање, со планови за користење вулканска геотермална енергија за напојување на „рударењето“ на дигиталната валута, пишува лондонски „Тајмс“.

Биткоинот, заедно со американскиот долар, усвоен во Салвадор во 2001 година и ќе продолжи да се користи како „референтна валута“, станува официјална валута на најмалата централноамериканска држава и според законот мора да се прифати како плаќање кога ќе се понуди, освен ако добавувачите или примателите немаат технологија за извршување трансакции.

Нема да подлежи на данок на капитална добивка, па дури може да се искористи и за плаќање даночни придонеси.

Владата формираше фонд од 150 милиони долари во Развојната банка на Салвадор, кој ќе се користи за претворање на биткоинот во американска валута. Сепак, додава „Тајмс“, 70 проценти од населението не користи банки. Исто така, за користење биткоин е неопходен пристап до Интернет, а само 45 проценти од земјата е поврзана.

Повеќето жители на Ел Салвадор не се согласуваат со владината одлука за усвојување на биткоинот како легално средство за плаќање, а многумина не знаат како да ја користат дигиталната валута и се недоверливи кон овој проект, покажа истражувањето на Централноамериканскиот универзитет

Анкетата, исто така, покажа дека повеќето испитаници сметаат дека главните корисници на употреба на биткоин ќе бидат богатите, странските инвеститори, владата и бизнис лидерите.

извор: МИА
Next Post

Од 104-та седница на Владата: Се зајакнува контролата за користење службени возила; Граѓаните и компаниите ќе пријавуваат корупција преку електронски систем

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk