Минатата година беше историска, затоа што добивме членство во НАТО и одлука за почеток на преговори со ЕУ. Годинава е многу важна, бидејќи го добивме претседателството во ОБСЕ, станавме членка на Организацијата за црноморска економска соработка, позната по кратенката „БСЕК“, како 13-та членка и други сериозни надворешно-политички постигнувања.
Наставниците кои работат по новите програми за прво и четврто одделение се максимално посветени на спроведувањето на новата Концепција за основно образование. Ние како ментори сме им директна поддршка во имплементација на реформите, а предизвиците кои се појавуваат ги надминуваме заеднички, ја информираа наставниците-ментори.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на својата фејсбук страница објави фотографија од речиси споениот мост „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес учествуваше на панел дискусијата „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“, која се одржа во рамките на „Првата годишна конференција на Министерството за финансии – Економско заздравување и раст по Ковид“.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по којзнае кој пат потврдија дека освен блокади, кочење и деструкција ништо друго ниту прават ниту можат да направат, велат од СДСМ. Прв ден во Собрание денеска, одма за блокади на закони се фатија.
Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 4 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 44,6% од севкупното население над 18 годишна возраст. Вкупно 54% од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, 29% од граѓаните помеѓу 18 и 39 години.