ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев, Вучиќ и Рама на состанок за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан

Во рамки на состанокот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се одржи работна сесија на лидерите на земјите од Западен Балкан на состанокот во Тирана, по што ќе следува и пленарната сесија на која ќе учествуваат и претставниците на политичките и финансиските институции на ЕУ, од Светска Банка, од Советот за регионална соработка (RCC), како и претставници на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави

December 21, 2019 09:59
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на Состанокот за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан каде со домаќинот, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, вчера веќе одржаа неформална средба, пренесе МИА.

Во рамки на состанокот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се одржи работна сесија на лидерите на земјите од Западен Балкан на состанокот во Тирана, по што ќе следува и пленарната сесија на која ќе учествуваат и претставниците на политичките и финансиските институции на ЕУ, од Светска Банка, од Советот за регионална соработка (RCC), како и претставници на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.

За заклучоците од оваа сесија на иницијативата за унапредување на соработката на Западен Балкан, лидерите ќе информираат на прес – конференцијата која ќе се одржи како завршница на средбата.

Како дел од програмата, учесниците на состанокот во Тирана ќе го посетат Драч како израз на поддршка на граѓаните кои беа погодени од трагичните последици на земјотресот.

Премиерот Заев, заедно со останатите лидери, синоќа го проследија концертот „Никогаш нема да бидеш сам/а“, како донаторски настан за реконструкција на штетите од земјотресот од 26 ноември, оваа година, што го погоди градот Драч и други населени места во Албанија.

Ова е трета сесија од серијата состаноци после Нови Сад и Охрид, во рамки на иницијативата за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан.

Next Post

Хуманитарен Новогодишен базар „Топли срца – ладни шепи“

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk