ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милевски: Потребно е да ги надминеме развојните разлики меѓу општините, за граѓаните да имаат поквалитетен живот

September 8, 2021 11:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Без човечки капитал сите политики се беспредметни затоа грижата на државата пред се треба да биде насочена кон луѓето, нивното здравје, образование, егзистенција. Ако се има предвид дека во услови на поширока децентрализација, општините се одговорни за имплементација на над 70% од законите, станува јасно колку е голема улогата на локалните власти и воопшто на локалната самоуправа во обезбедувањето на услугите за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на Меѓународниот финансиски форум во Скопје во организација на Министерството за финансии на панелот „Човечки капитал и инклузивен раст“.

– Здравствената криза предизвикана од Ковид 19 уште повеќе ги потенцираше разликите. Развојните разлики меѓу урбаните и руралните општини се рефлектираат на квалитетот на живеење и на способноста за на граѓаните за брза адаптација на новите услови. Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП направи две истражување за тоа како Ковид кризата се одразува на функционирањето на општините, рече тој.

Владата на Северна Македонија во Програмата за одржлив развој и децентрализација 2021-2026 година се определила за проширување на децентрализацијата со пренесување на нови надлежности и ресурси на општините и подобрување на системот на финансирање. Во процесот на програмирање тргнале од потребите на граѓаните и на општините, имајќи ги предвид и искуствата од здравствената криза. Од аспект од приходи и расходи во општините во вториот квартал на 2020 во однос на истиот период во 2019 година приходите се намалени во 26 општини а, а расходите се намалиле во 49 општини.

– Во наредниот период да се воспостави ефикасен и функционален национален систем за превенција, рано предупредување, одговор и опоравување од природни и од специфични кризи и катастрофи, во кој што општините ќе партиципираат според јасно дефинирани надлежности и одговорности и со доволно капацитети и ресурси. Во периодот на опоравување потребно е општините да ги намалат сите непродуктивни расходи кои не се директно поврзани со кризата предизвикана од Ковид- 19, без притоа да се наштети на двигателите на економскиот развој и на критичните локални услуги. Мерките и активностите од хоризонталните програми на општинските буџети да се фокусираат на пост-кризна обнова покрај фокусот на превенција и заштита на населението од брза експанзија на болеста, заклучи министерот Милевски.

Тој на крај додаде дека единиците на локалната самоуправа треба да продолжат да го поттикнуваат локалниот економски развој преку дигитализација на административните услуги, изградба на комунална инфраструктура, развој на економски зони, обезбедување мобилност, урбанистичкото планирање и уредување на градежно земјиште, секако преку соодветна финансиска поддршка од централната власт но и преку обезбедување на поправеден систем на финансирање на локалната самоуправа преку кој ќе се намалуваат развојните разлики меѓу урбаните и руралните општини и меѓу градот Скопје и другите делови од државата.

Next Post
Борче Боки Трајковски

Независна држава со зависна младина, нема иднина...

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk