ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Честитка од Народната банка по повод Денот на независноста

September 8, 2021 12:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка упати честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста.

-Дозволете, на овој свечен ден, кога се одбележува 30-годишниот јубилеј од осамостојувањето на современата македонска држава, да упатиме искрена честитка до сите граѓани, означувајќи го така значајниот датум 8 Септември 1991 година, кога успешно беше одржан Референдумот за граѓанско изјаснување за самостојна современа македонска држава. Ова е време да ја повикаме нашата лична, но и институционална меморија и да се присетиме на времето и околностите во коишто беше создаден суверенитетот на нашата држава, но и на нашите должности во создавањето просперитетно и подобро општество, се наведува во честитката.

Како што се посочува, денешниов ден е потсетник на нашата волја и храброст да се исправиме пред сите предизвици и цврсто и безрезервно да се изјасниме за самостојна и суверена, современа македонска држава. Три децении, генерации граѓани ги вложуваат своето знаење, умеење, своите лични вредности во градењето на современо, демократско, стабилно и праведно општество. Овој јубилеј е прилика да се потсетиме дека во изминатите години несомнено направивме големи чекори во градењето институционален поредок и општество со вистински вредности. Но, истовремено, овој ден треба да биде потсетник за потребата од објективно и критично согледување на постигнатото и за трасирање на патот кон подобро општество, изградено врз фундаментални вредности. Вредности коишто за младите поколенија ќе бидат водилка и ќе ги поттикнат да го градат својот свет во сопствената држава. Сите наши усилби, лични и институционални, бескомпромисно треба да ги зајакнуваат темелите на македонската држава со вредности, однесување и делување, коишто ќе донесат поголема благосостојба за сите граѓани.

Народната банка е институција којашто е важен дел од мозаикот на нашата независност и симбол на монетарниот суверенитет, се додава во честитката.

-Монетарното осамостојување и воведувањето на македонската национална валута беа суштински дел од процесот на воспоставување суверена држава. Во таа смисла, пак, Народната банка ја одигра клучната улога во создавањето на денарот. Веднаш по прогласувањето на самостојната македонска држава, а непосредно по донесувањето на Уставот на државата, започнаа активности за воведувањето на националната парична единица. Нашата институција успеа да ја исполни својата нова функција како емисиона банка со вонредни напори и за релативно кратко време и да ѝ овозможи на државата да ја организира сопствената национална економија. Оттогаш, Народната банка во континуитет го зајакнува својот капацитет и се профилира како современа централна банка, којашто во својата мисија ги вградува сите современи стандарди и принципи на работење. Денес, имаме централна банка којашто се препознава како модерна, динамична институција, којашто проактивно делува во централнобанкарската заедница и пошироко, се посочува во честитката. 

Ова е време, наведуваат од Народната банка, да ја повикаме нашата лична, но и институционална меморија и да се присетиме на времето и околностите во коишто беше создаден суверенитетот на нашата држава, но и на нашите должности во создавањето просперитетно и подобро општество. 

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Епидемија на менингитис во Конго

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk