ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Засега нема индиции дека пожарот во Тетово е подметнат (ДПЛ)

September 9, 2021 15:23
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Тетово изјави дека според информациите кои ги добил од надлежните, досега не постојат индиции дека пожарот во модуларната ковид болница бил намерно предизвикан. Надлежниот јавен обвинител го информирал дека за околу час до два и формално ќе го завршат увидот кој трае веќе втор ден и во најбрз можен рок потоа ќе излезат со нивниот извештај. Тоа, рече, треба да се направи што побрзо и постручно за да нема никаков сомнеж во јавноста. Исто така, потенцира, одговорност мора да има.

-До овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друга политичка цел. Меѓутоа, велам, тоа е во овој момент и се разбира тоа ќе ви го каже денеска или наредниве денови надлежниот јавен обвинител. роцедурата е тие даваат наредби до другите надлежни институции од обдукција до МВР. Обвинителот ми рече дека ќе им даде многу кратки рокови, веројатно пет дена за секоја институција да одговори од својата надлежност, по нивното добивање на тие сепак извештаи ќе излезе тој со свој збирен извештај во кој ќе се види прво што е причината за пожарот и второ и дали зад тоа евентуално има човечка грешка, истака претседателот Пендаровски во денешната изјава пред опожарената болница во Тетово.

Тој истакна дека за да нема сомневања во истрагата за овој немил настан, Владата изразила подготвеност да повика и странска експертиза. Основа за подетална анализа, според претседателот, е и самиот факт што модуларната болница изгорела во целост за само неколку минути.

– Меѓутоа, тоа е работа на надлежните институции. Имаме доволно стрчни кадри во сите овие институции кои се инволвирани во оваа т.н. повеќеслојна истрага. Јас мислам дека за кратко време ќе ја знаеме вистината. Јавно да кажам, до овој момент, бидејќи имаше и такви шпекулации, јас ова утро разговарав на пример со претседателот на Словенија, Пахор, тој ме праша исто, има различни шпекулации дека е можеби подметнато, дека можеби има врска со 30 години независност, дека има некакви конспирации за тоа. До овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друга политичка цел, рече Пендаровски, додавајќи дека детали за тоа денеска или во текот на наредните денови ќе даде надлежниот јавен обвинител.

Според него, по завршување на истрагата и изготвување на извештајот, мора да има одговорност за овој немил настан. Не смееме, вели, да дозволиме истрагата да трае со месеци и на крај да не знаеме каде завршила. Македонската јавност, според Пендаровски, заслужува брз и темелен одговор без какви било паузи во истрагата.

-Јас секогаш инсистирам да има одговорност и морална, и политичка, и субјективна и објективна, каква и да има, да се научиме на тие работи. Меѓутоа, не можам да тврдам во овој момент бидејќи навистина не знам дали постои основ за таква одговорност. Она што го знам е дека во што покус временски период мора сите надлежни органи и ние како држава во целина да реагираме брзо, да направиме темелна истрага и да излеземе со извештај во кој никој нема да има сомнеж. Во таа смисла ја поздравив понудата која Владата денеска ја прифати од странски меѓународни експерти да дојдат тука и да видат што се ние работиме за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива или не сека нешто да истражи потемелно или до крај. Јас знам дека постои понуди од неколку држави членки на НАТО Алијансата, од најмоќните во Европа да помогнат со стручна експертиза во тој дел и мислам дека тоа, нивното доаѓање ќе се случи најверојатно следните 48 часа, рече претседателот Пендаровски.

Тој во одговор на новинарско прашање дали меѓу настраданите имало и посетители, а не само болни или здравствени работници, рече дека нема такви информации.

–Не го знам тој детаљ. Она што го прашував колку легла биле пополнети од тие што биле на располагање, мислам дека од сите легла на располагање осум воопшто не биле пополнети, сите други 26 се чинам пополнети и пред моментот на избивање на пожарот има уште 4-5 медицински лица, сестри и доктори. Многу е тешко да се каже дали се тие меѓу овие 14 тела кои се на судска медицина затоа што ова што го добив последново од судска медицина е дека денеска веројатно, можеби утре најдоцна ќе биде завршена обдукцијата на сите 14 тела. Меѓутоа, потоа почнува постапката за утврдување на причините и идентификацијата на луѓето, значи кои се луѓето. Во овој момент ние не знаеме кои се овие 14 лица, рече претседателот.

Тој додаде дека има информација оти биле повикани роднини на лицата кои се лекувале во болницата да дадат крв и да дадат друг материјал за идентификација кој ќе им помогне побрзо да ја завршат таа работа бидејќи идентификацијата на лицата ќе оди тешко.

-Она што знам, за граѓаните ме прашувате, е дека граѓани помагале 7-8 луѓе да извлечат преку прозорот од внатре од просторијата во која избил пожарот. Не сум чул дека биле внатре, тоа ќе го прашате директорот на болницата, рече Пендаровски во изјавата за медиумите во Тетово.

Во пожарот во Ковид болницата во Тетово, загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што посочија од МЗ, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.

-Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, информираа од Министерството и изразија сочувство до семејствата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.

Од Министерството потенцираат дека во текот на денот постојано ќе информираат за сите нови детали околу случајот и апелираат медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан.

извор: МИА

Next Post

Стоев испрати телеграма со сочувство до Османи по повод пожарот во болницата во Тетово

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk