Љубе Бошкоски преку видео обраќање на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, меѓудругото истакна дека бил мета на сите режими и тој добро знам какво е чувството да си осуден на правдина, рече Љубе Бошкоски на денешната панел дискусија на ЦИВИЛ,
Бошкоски побара од власта да го ослободи Јане Ченто кој е осуден за терорзам по упадот во Собрание на 27 април, и на негово место да дојде нарачателот, бегалецот Никола Груевски.
„Тој страшливец од Будимпешта се обидува да командува, и новите дечки го следат нивниот будимпетански диктатор.. Јас Зоран Заев го почитувам бидејќи има храброст во најтешкото време да го отстрани ракот на лошото владеење“, рече Бошковски.
Според него, Груевски никогаш не бил патриот.
-Јас сум бил мета на речиси сите режими. Од екс-Југославија, па натаму. Јас и моето семејство поминавме низ пекол. Јас знам како е чувството да си осуден за правдина. Сакам да се најде правдина и за внукот на Ченто. Ниту една власт немала милост за оваа фамилија. Мака мачиме од оваа кал да излеземе – рече Бошкоски.
Тој порача дека мора да има слобода на медиумите и слобода на говорот.
„Кога велев дека банда криминална владее до државата, ми рекоа дека сум бил престрог. Сега заклучувам дека сум бил премногу благ. Излезе дека сум опсесија на несудениот принц од Будимпешта, Груевски. Јавноста се знае за мене, знаат кој е братот Љубе“, вели лидерот на Обединети за Македонија.
И. Т. З.