ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Јасно е зошто не е пратеник – Мицкоски си ги толкува Уставот и законите како што му одговара

September 12, 2021 20:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ / извор: скриншот од видео снимката објавена на партиската веб страница

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ / извор: скриншот од видео снимката објавена на партиската веб страница

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно покажува дека е залутан во политиката со неговата последна изјава. Тој го повика министерот Венко Филипче својата оставка да ја поднесе до Собранието, а не до премиерот, неводејќи сметка за правилата и законите.

Ова не е прв пат Мицкоски да не знае како функционираат институциите на државата, па можеби тоа е дополнителна причина зошто опозицискиот лидер не се појави на пратеничките листи на претходните парламентарни избори. Како човекот кој се претставуваше како „шпицен кандидат“ за премиер очекува да ја води државата, кога ни тој, а ни правниците околу него не ги разбираат законите и законските прописи?

Со реакција на оваа негова изјава излезе професорот од правниот факултет Борче Давитковски кој појасни дека министер може да поднесе оставка само до премиерот, а не до Собранието, бидејќи премиерот е тој кој ги именува министрите.

„Оставка се поднесува до мандаторот кој вас ве предложил. Нема што министерот да му поднесува оставка на спикерот Талат Џафери. Заев е мандатар, тој форимирал влада, а Филипче е тим од владата. Ако ја прифати премиерот оставката, на негово место ќе предложи друг за кој потоа ќе се изјасни Собранието. Собранието само гласа тоа што ќе му предложи мандаторот. ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе барање за разрешување на министерот, но мора убаво да ги образложат причините по кои Собранието ќе расправа и сето тоа пак ќе се сведе на интерпелација. Ваквите изведби на ВМРО-ДПМНЕ се игри за ситни политички поени. Правилата се јасни“ – вели професор Давитковски.

Мицкоски во своето обраќање му даде рок на министерот Филипче од три дена да поднесе оставка во Собранието, во спротивно неговата партија ќе поднела предлог одлука за разрешување на министерот.

На ова, пак, реагираше претседателот на Собранието, Талат Џафери, според кого пратениците може да поднесуваат само иницијатива за интерпелација и кажа дека според него, воопшто не постои можност за постапка за разрешување.

„Јас не можам да ја процесиурам. Тоа тие можат да поднесат предлог-одлука, ама содржината која се однесува на работа која не е законодавна постапка, како ќе оди во второ читање таа постапка? Ќе оди на Комисија за избори и именување за да се поднесат амандмани? Немојте, тоа се пропишани работи и процедури коишто се надвор од она што е Деловникот“ – рече Џафери.

Д. Е.

Next Post

Вечерен преглед: Поднесени кандидатурите за локалните избори, Мицкоски си ги толкува Уставот и законите како што му одговара

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk