ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ДИК: Изборните органи да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на лични податоци

September 14, 2021 14:50
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве во општинските изборни комисии (ОИК) согласно Изборниот законик веќе се поднесуваат листи за кандидати за советници во советите на општините и за градоначалници. Сите ОИК во својство на изборен орган должни се да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, согласно кој децидно се уредува заштитата на лични податоци и правото на приватност во врска со обработка на нивните лични податоци, рече на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК), потпретседателката Дитмире Шеху.

Имено, како што нагласи, сите членови на ОИК се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработка на личните податоци, бидејќи потпишаа изјава за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

– Најстрого е забрането изнесување при фотографирање, фотокопирање, електронска пошта, телефонски, на документација која содржи лични податоци на кандидатите, како и на целата документација на ОИК кои ги обработуваат овие податоци. За прекршување на одредбите од законските прописи, кои ја регулираат заштитата на лични податоци согласно кривичниот законик се предвидени и соодветни санкции. Затоа, ДИК почнувајќи од нас самите, од вработените во ДИК, од помошните тела ангажирани, како и до сите изборни органи, ОИК и избирачките одбори бара целосно професионално и одговорно однесување во работењето од сите изборни органи согласно важечките законски прописи, истакна Шеху.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски исто така нагласи дека Општинските изборни комисии мора да внимаваат бидејќи, како што рече, покрај тоа што давањето лични податоци е забрането со посебен закон, казниво е и според Кривичниот законик и некои дејствија што ќе се преземат по тој повод ќе зависат од од органите на прогон.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шеху посочи дека кадидатурите овој пат ги потврдуваат ОИК согласно Изборниот законик. Моментално, како што кажа, тие ја прегледуваат докумантацијата и чекаат уверенија од судовите.

На денешната седница ДИК го усвои барањето за добивање овластување за набљудувачи, односно за 34 лица. Како што посочи Даштевски, сите ги исполнуваат условите за набљудување.

Како што посочија на седницата, сите оние кои се заинтересирани за набљудување на изборите можат да достават документација најдоцна седум дена пред одржувањето на изборите.

Повикаа сите домашни, меѓународни, невладини организации, меѓународни мисии и други овластени институции кои ги исполуваат условите да аплицираат во ДИК за набљудување на локалните избори.

извор: МИА

Next Post

Бочварски – Митровиќ: Преку размена на искуства до правилна урбнизација на просторот

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk