ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МАПАС: Граѓаните да се информираат за пензискиот систем уште додека се млади

September 15, 2021 12:17
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ( МАПАС) со низа активности го одбележува 15 септември – Денот на пензиската свесност со цел да ја подигне јавната свест за пензискиот систем и да ги поттикне граѓаните да се информираат за правата, обврските и придобивките од задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Во 18 часот денеска МАПАС преку својата фејсбук страница организира квиз на знаења, а најуспешниот натпреварувач, оваа недела ќе биде награден со таблет. Квизот ќе се одржува еднаш неделно во текот на три недели во живо.

МАПАС организираше и ликовен конкурс за деца на возраст од 6-11 години на кој учесниците испраќаа свои цртежи. Најдобрите цртежи ќе бидат подарени во домови за стари лица, авторите на најдобрите цртежи ќе добијат подароци – училиштен прибор.

– Секој човек има право на удобни пензионерски денови и квалитетен живот, а за тоа е важна пензијата. Затоа постојано работиме на подигнување на свеста кај младите, за повеќе да се информираат и да ги користат можностите на пензискиот систем. Едукацијата и информирањето на јавноста е долготраен и континуиран процес. Целта е подигнување на свеста кај населението за придобивките и карактеристиките на тростролбниот систем како важен дел од социјалното осигурување. Нашата постојана посветеност за пензиска едукација на населението дава позитивен резултат, а ние и во иднина ќе продолжиме со едукативните активности, вели Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Капитално финансираното пензиско осигурување има вкупно шест пензиски фондови, три задолжителни и три доброволни. Повеќе информации за задолжителните и доброволните пензиски фондови, за регулативата и нејзините промени, како и за правата и обврските на членовите може да се најдат на интернет страницата www.penzija.mk.

извор: МИА

Next Post

Царовска: Бројот на новозаразени ученици вчера е помал, засега нема индикација за промена на наставниот модел

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk