ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градоначалникот Шилегов присуствуваше на отварање на нова фабрика за кабли во Сарај

September 16, 2021 11:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот Петре Шилегов, заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби, министрите за финансии, Фатмир Бесими и за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска присуствуваа на свеченото отворање на фабриката за кабли „One cable“, во индустриската зона „Сарај“.

– Оваа приватна инвестиција е вредна над три милиони евра, вработува триесетина високостручни лица и е фирма што ја применува најновата светска технологија за ваков тип кабли. Ова е вистинскиот доказ дека си ги спровел вистинските политики, пораките што се пратени кон општеството, пораките што се упатени кон граѓаните и кон бизнис секторот. А тие пораки се пораки дека успеавме во овие четири години да креираме стабилност, стабилност на меѓународен план, стабилност на внатрешен план, стабилност во економските политики на Владата, стабилност во доктрината за развој на единиците на локалната самоуправа. Ова е само доказ дека Скопје е еднаков град за сите. Драго ми е што вие успеавте да ја препознаете политиката која беше креирана во нашиот град, како и инфраструктурната и институционалната поддршка која што ја дадовме.

Нашата работа е да ги смируваме луѓето, нашата работа е да им помагаме на граѓаните, нашата работа е да го поддржуваме бизнис секторот. Тоа нема алтернатива. За такво Скопје и за таква Македонија заслужувате секој ден да бидеме заедно, да се бориме, да ги решаваме проблемите, зашто ни е доста од поделби и од караници, доста ни е од меѓусебни прозивки. Дајте да креираме политики, политиката мора да биде натпревар на идеи, натпревар во поддршка на граѓаните, а не натпревар на црнила. Јас сум убеден дека граѓаните тоа го препознаа. Посакувам овој погон што е можно поскоро да го проширите – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Next Post

Пладневен преглед: Заев не размислува за оставка, се размислува за воведување нови мерки против корона-вирусот, дневно се попишуваат околу 100.000 граѓани

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk