ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Храбриот витез кој „хируршки прецизно“ ќе ги отстрани владата и институциите

September 17, 2021 10:58
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски живее во некој свој свет, во својот замок опкружен со ламји со седум глави и огнени јазици, придружени од опасни и зли сеништа. Тој е храбриот витез кој, придружен од своите послушни штитоносци со румени образи, шубари, бели бечви и црни гајтани, со опинци на нозете, го брани малото кралство од страшните напаѓачи. Среќни „човечиња“ спремно потскокнуваат да ја поздрават секоја негова мудра и државничка одлука, мисла и постапка, секој него збор.

И не се буди. Не.

СЕПРИСУТНИОТ ВИТЕЗ ВО СЈАЕН ОКЛОП

Во малото кралство на Мицкоски, тој е врховниот судија и може со една реченица да осуди луѓе на десетици години затвор и да каже дека истрагата во која учествуваат германски истражители не е објективна. Нему му се важни оставките. Тој се гади од Заев. И ќе победи на изборите, како и на сите избори до сега.

Бидејќи е сеприсутен, тој „знае“ дека пописот нема да биде успешен. Вели дека „има многу турбуленции“. Ништо не чини во тоа мало кралство каде што овој оклопен витез се бори за човечките правдини. И тој е решението за сите проблеми. Заедно со своите штитоносци, се разбира.

ХИРУРШКИ ПРЕЦИЗНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВЛАДАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ

За витезот од оваа кратка политичка сказна, „владата и институциите се неспособни“. Затоа, „хируршки прецизно треба да ги отстраниме, а тоа ќе се случи уште на овие локални избори“. Така рече.

Да се отстранат владата и институциите? Хируршки прецизно? Што може да значи тоа во светот на овој храбар витез со сјаен оклоп? И како тоа се прави на локални избори? Веројатно, тој си знае, во неговиот свет работите сигурно се многу едноставни и се решаваат со едно замавнување на мечот.

Или со волшебно стапче.

МОЖЕБИ ВО НЕКОЈ ДРУГ СВЕТ, НО НЕ И ВО СВЕТОТ НА МИЦКОСКИ

Можеби неговиот тутор, храбриот бегалец од Будимпешта, му ја оставил и кристалната топка од неговата гатачка, Катерина Најденова. Па може сѐ да види и предвиди, па „професорски“, „математички“, па и „хируршки прецизно“ да им раскаже на новинарите жедни за неговата мудрост и знаење.

Можеби во некој друг свет, политичарите се обидуваат да се придржуваат до одредени принципи, иако се подеднакво остри и без пардон ги дисквалификуваат своите политички противници. Внимаваат да не ги попречуваат истрагите, не се закануваат и ја почитуваат пресумпцијата на невиност.

Во некој друг свет, многу далеку, политичарите имаат обѕири кон човечките трагедии и не се обидуваат да профитираат од нив. Напротив, политичарите веднаш се наоѓаат на местото на трагедиите, не денови подоцна. Не ставаат „на располагање“ своите политички партии. Се обидуваат да најдат решенија, да им го олеснат животот на луѓето во мигови на несреќа. Го прават тоа по пат на институции.

Ама тоа се случува во некој друг свет, многу далеку.

Во светот на сказните на Мицкоски, сѐ е полесно и се решава со едно замавнување на мечот. Или со негови зборови: „хируршки прецизно се отстранува“. На локални избори!

СЕКОГАШ СРЕЌЕН КРАЈ

И навистина, што ќе ни се институции и влада? Ќе живееме среќно и спокојно во светот во кој овој храбар витез, надарен математичар, хируршки прецизен, со сјајниот оклоп, опкружен со верните штитоносци, ќе владее како во сказните. И ќе нѐ брани од големите зли ламји и другите страшни суштества и сеништа од сказните.

И сите заедно ќе потонеме во оваа мрачна сказна, но со крај секогаш среќен за Мицкоски и неговите штитоносци.

Добра ноќ, каде и да сте, колку и да е часот.

 


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија

НАЈНОВО

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

САД го повикаа Израел да го спроведе договорот за прекин на огнот откако Либан го направи „првиот чекор“ за разоружување на Хезболах

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk