ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопје, Тетово, Куманово и Охрид со најмногу активни ковид случаи

September 20, 2021 07:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Бројот на новозаразени, според дневните статистики на Министерството за здравство се намалува, но висока е бројката на починати од вирусот. Најпогодени, според надлежните институции, се невакцинираните граѓани, поради што продолжуваат апелите за  што помасовна имунизација.

Како што информираше веб страницата ourworldindata.org., според бројот на смртни случаи, минатата седмица во Европа прва е Северна Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот. По Северна Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.

Според податоците што ги објави вчера Министерството за здравство во претходното деноноќие од направени 4.015 тестирања се регистрирани 365 нови случаи на КОВИД-19, 551 оздравен пациент, како и 23 починати лица, на возраст од 45 до 89 години.

Од активните 13.052 ковид случаи, најмногу, 5.833 се во Скопје. Над илјада активни случаи има во Тетово, а со висока бројка се и Куманово – 914,  како и Охрид – 668, Струга – 638, Гостивар – 530, Струмица – 518,…

Министерот за здравство Венко Филипче завчера апелираше граѓаните сериозно да ја сфатат работата со коронавирусот, бидејќи како што рече, само со вакцинација е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени. Посочи дека нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале. Филипче информираше дека со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории.

Филипче нагласи дека најавените нови мерки со кои само со примени две дози ќе може да се оди на настани, во затворени простории, во угостителски објекти и молови се логичен след на она што веќе како мерка е воведено и потенцираше дека и при следните мерки, ќе се остави доволно простор, две до три недели, за да можат граѓаните да се вакцинираат.

Четворица ученици од штипските основни и средни случаи се потврдени како позитивни случаи на коронавирусот во текот на викендот, а има и по еден наставник и воспитувач од девотелетка и градинка.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека од почетокот на учебната година па до денеска регистрирани се 25 ученици позитивни на Ковид 19. Половина од нив веќе се и вратени на настава. Во текот на денов ќе анализираат и дали ја имаат и правата локална трансмисија во градинка од дете на воспитувач. Имаат, вели, благо зголемување на заразени со вирусот од 10 до 19 години, но состојбата е далеку од загрижувачка. Во штипските конфекции немаат локална трансмисија на вирусот и им се појавуваат случаи на заразени работнички, кои со вирусот се заразиле по контакт со член од семејството.

Од СВР Тетово вчера информираа дека е лишен од слобода сопственик на угостителски објект во Гостивар бидејќи при контрола биле затекната три лица без сертификат за вакцинација. Објектот во кој била извршена контролата  времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот С.Е., кој бил лишен од слобода ќе се соочи со пријава која се однесува на „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186 914, на оздравени пациенти е 167 402, а на починати е 6.460./МИА/.

Next Post

Обраќањe на Заев по повод одбележување на Јубилеј - 75 години од основањето на Сојузот на на пензионерите

НАЈНОВО

Општина Центар организира бесплатен музички настан со Јанг Дади

August 25, 2025

СДСМ: Мицкоски му дели задачи на Орце, како што ѝ делеше и на Арсовска

August 25, 2025

Николоски: Ќе се набавуваат и нови патнички возови

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk