ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изборите се како битката кај Ватерло!

September 21, 2021 08:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Смислата на ограничувањата на времетраењето на официјалните изборни кампањи во различни демократии во светот се сведува на неколку претпоставки кои треба да го обезбедат интегритетот на изборите: да се овозможи неутралност на јавната администрација и државните институции за време на кампањата, да се овозможи слободен пристап до медиумите, да се контролира висината на парите потрошени во кампањата, да се регулираат некои формални аспекти од функционирањето на системот (разни временски ограничени мониторинзи, рокови за пријавувања на кандидати и сл.), да се ограничи датумот до кој може да се објавуваат анкети, а со цел да се овозможи фер третман и пристап на сите оние, партиски и непартиски организирани, кои сакаат да „трчаат“ по некоја изборна функција.

Конечно, во повеќето демократии функционира и она што се нарекува „изборен молк“, барем 24 часа пред денот на гласањето, за бирачите да можат на раат „да си ги средат мислите“ пред да се решат кого (и дали) изборно ќе заокружат.

Тој склоп од прашања, формално, е регулиран и во нашето изборно законодавство. Се разбира, „добрите намери“ на законодавецот ги крши кој како ќе стигне.

На пример, кампањата за овие локални избори е започната со недели, а и месеци, пред воопшто да се стигне до официјалниот почеток на кампањата. Јавноста е опсипана со партиски напади и контра-напади, главно персонално насочени, за потенцијалните и вистинските кандидати за изборите. Опозицијата гаѓа од сите орудија, власта на тоа одговара со широки државни промоции на активности чија цел се локалните изборни математики, а трагедијата со ковид-болницата во Тетово ќе остане како една од потемните дамки во историјата на македонските политички предизборни пресметки, каде судбините на настраданите и преживеаните се во втор план, пред непосредната политичка корист што може да се „извлече“ од тој немил настан.

Голем дел од целата таа предизборна-пред-изборите хистерична врева не може ни да се контролира, дури и кога би имало подготвеност за тоа од партиските штабови, заради постоењето на социјалните мрежи и платформи. Таму предизборната „ледина“ се ора уште од пролет за на есен, без пардон за никого, а навикнавме тамошниот говор на омраза да не ферма ни возраст, ни приватност, ни пол, ни политичко определување, ни бутур, ни усул, во сите достапни аудио-визуелни медиумски формати!

Класичните електронско-печатени медиуми се под притисок, интернет порталите уште повеќе, борбата по кликови и лајкови е како битката кај Ватерло, една од најкрвавите битки во модерната историја, во која Французите, во еден ден, изгубија околу 40.000 војници, Британците и Холанѓаните околу 15.000, а Прусите 7.000 луѓе под униформа. Крв до колена, земјата не се гледала од загинати и ранети!

Па, си велам, не треба ли да се размисли за укинување на строгите, формални, предизборни кампањски „стеги“, кои и така никој не ги почитува? Овде кампањите се водат 365 дена во годината, пауза не се прави – видовме – ни за државни или верски празници. Ниту некој има суштинска контрола врз потрошените пари, ниту условите за кандидатите се „фер и избалансирани“, а институциите кои би требало тоа да го контролираат само ги доведуваме во ситуација да се компромитираат, бидејќи треба да спроведат закони и прописи за кои сите се свесни дека се (речиси) неспроведливи.

Можеби, доколку целиот процес до крај се либерализира, без цврсти рокови и тврди лимити, работите ќе тргнат на подобро, бидејќи вака секако одат само на полошо…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Заев: Вие носите одлука што е најважно за вас, за вашите семејства, вашата општина, вашата земја, и затоа е многу важно каква одлука ќе донесете

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk