ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фотографија од жена која починала, се злоупотребува за да се оцрни вакцинацијата

September 21, 2021 20:10
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека  починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења наменски креира погрешна слика во јавноста, а сè со цел да ги одврати луѓето да не се вакцинираат и да му наштети на процесот на имунизација, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

Текстот подолу META.мк го пренесува во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се злоупотребува смртта на жена, за која без никаква медицинска основа, без никаква документација, без никаков доказ дека била вакцинирана, се инсинуира дека нејзината смрт настапила поради самата вакцина.

За таа цел се искористени две фотографии, една фотографија на која се гледа редица луѓе пред вакциналниот пункт во салата Борис Трајковски и втора фотографија каде се гледа дека некој член на семејството на жената информира дека таа починала и ја испраќа во вечното почивалиште со емотивни зборови.

Авторот на постот што го рецензираме прави компилација, односно колаж од овие два поста и пишува:

Обратете внимание на датумот. Не им текнува дека е од вакцината, ова е истата личност.

Од датумите на постовите е евидентно дека разликата меѓу фотографиите е месец и половина, но тоа воопшто не значи дека нечија смрт може да се поврзе со вакцината. Особено, затоа што не се знае како последица на што точно настапила смртта за што, пак, може да има бројни причини. Комплетно неосновано е само врз основа на фактот што некој починал, да се инсинуира дека тоа е од вакцината, без за тоа да постојат какви било сознанија.

Дури ни семејството на жената, како што се гледа од првата фотографија во постот, при нејзиното испраќање во вечното почивалиште воопшто не ја споменува причината за смртта. А, уште помалку ја споменува вакцината, ковид или што било друго, како што тоа се прави во неумесниот пост – предмет на нашата рецензија.

Така што, не е познато од што настапила смртта на жената, а тоа што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата „Борис Трајковски“, не е показател дека починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења наменски креира погрешна слика во јавноста, а сè со цел да ги одврати луѓето да не се вакцинираат и да му наштети на процесот на имунизација, пишува „Вистиномер“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преглед на денот: Дуелот помеѓу Заев и Мицкоски отвори големи прашања до ВМРО-ДПМНЕ, денот на мирот да го посветиме на афирмација на идеалите за мир, раст на просечната плата споредбено со минатата година

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk