Новинарската сцена вжештена и полна со прашања до ВМРО-ДПМНЕ после синоќешната средба на Заев и Мицкоски, а анкетата на „Брима“ само ги подгреа нештата. Не се знае до кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе блокираат суштествени закони во Собранието. Неизвесно е образованието за сите девојчиња во Авганистан поради строгиот режим на Талибанците.
ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА
Пред секои избори пропагандната кујна на ВМРО-ДПМНЕ шири резултати од лажни анкети спроведени од сомнителни агенции, институти или организации. Најновата анкета што ја шират медиуми блиски на ВМРО-ДПМНЕ е спроведена од некаква „Организација за граѓански активизам и независност“, која нема ниту веб-страница и за која никој нема чуено пред да биде објавена анкетата.
Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ по клучните прашања, прашува новинарот Васко Ефтов…. „Ќе водите национализам? Ќе играте на националистичка карта? Ќе бидете против Преспанскиот договор? Охридскиот договор, Референдумот од 30 септември, вакцини и вакцинација, за Пописот?….Ефтов на народот бараат одговори.
Денеска Меѓународниот ден на мирот го одбележуваме со повикот на Генералното собрание на Обединетите Нации да запре говорот на оружјето во сите делови на светот каде што има вооружени конфликти и овој ден да го посветиме на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук.
Разговорите со Бугарија за надминување на разликите и деблокада на нашата евроинтеграција продолжуваат и покрај тоа што се уште нема политичка влада во Софија, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Комуникацијата продолжува помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој период се разговара.
Министерството за труд и социјална политика апелира до пратениците од опозицијата да не ја кочат собраниската процедура за Предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор.
Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28.540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42.627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.
ЛАЖНИ ВЕСТИ
Одговорното настапување, укажувањето почит кон политичкиот противник и давањето внимателно избрани изјави поткрепени со факти на синоќешниот дуел потврдија дека премиерот Зоран Заев има план за иднината, додека пак анкетите покажуваат дека граѓаните знаат тоа да го препознаат. Атмосферата веројатно беше подгреана и од анкетата на „Брима“ која беше објавена вчера, но лажните вести на Мицкоски наидоа на „вистиномерот“ Заев.
Пред секои избори пропагандната кујна на ВМРО-ДПМНЕ шири резултати од лажни анкети спроведени од сомнителни агенции, институти или организации. Исто како што една седмица пред локалните избори во 2017, ВМРО-ДПМНЕ ширеше лажни анкети од нивните партиски институти и агенции дека Коце Трајановски водел во Скопје над 10% пред Петре Шилегов.
ПАНДЕМИЈА
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани.
Кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап и мултиспектрално управување, не само во нашата земја, туку и во многу земји во светот, напиша на својот Фејсбук профип министерот за здравство Венко Филипче.
Д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во денешен Утрински брифинг зборуваше за вонредната инспекциска контрола извршена во 18-те модуларни болници во Македонија, но и за други теми кои се однесуваат на ковид објектите. Истакна дека сите вработени во медицински установи би требало задолжително да бидат вакцинирани.
ФРОНТ
Она што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават со негативната кампања кон Зоран Заев, преку соопштенијата, прес-конференциите, вклучувајќи ги и ТВ-дуелите, неизбежно провоцира реакција кај граѓаните, со која му даваат поддршка на лидерот на СДСМ… „Не сте сите исти“, господине Мицкоски!, пишува ЉУБИША НИКОЛОВСКИ / СЛОБОДЕН ПЕЧАТ
РЕПУБЛИКА, СВЕТ И РЕГИОН
20 септември е денот кога Општина Ѓорче Петров добива свој идентитет. На денешен ден пред 76 години со Одлуката на Владата на Народна Република Македонија во 1945 година тогашното Ханриево е преименувано во Ѓорче Петров. 52 години подоцна Ѓорче Петров станува и посебна локална самоуправа.
За една седмица, во периодот од 12 до 19 септември, во четвртиот здравствен регион во северна Грција во кој се вклучени 14 болници, од Ковид-19 починале 54 лица и сите биле невакцинирани.
Авганистанските девојчиња ќе можат да се вратат на училиште што е можно поскоро, изјави денеска портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид. „Ги завршуваме работите. Тоа ќе се случи што е можно поскоро“, рече портпаролот.