Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во март годинава беше осуден на три години затвор во случајот „Титаник 2“ за манипулации на локалните избори 2013 година. Затвор добија и Тачи, Ибраими и тројца други поранешни членови на ДИК.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи доби казна затвор од 3 години и два месеца. Останатите тројца поранешни членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, беа казнети со по три години затвор. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими доби казна затвор во траење од 4 години и шест месеци.