ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Почнува вакцинацијата со трета доза за лица над 60 години, здравствените работници и имунокомпромитирани

September 27, 2021 07:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трета доза на вакцина од денеска достапна за граѓаните над 60 години возраст, здравствените работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители.

Министерот за здравство Венко Филипе најави и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови за учениците.

– Граѓаните над 60 години кои примиле втора доза во моментот кога ќе поминат шест месеци ќе добијат СМС-порака дека може да се јават и да примат трета доза вакцина. Таа порака ќе биде потсетување дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, изјави вчера Филипче.

Во однос на скринингот на училиштата, министерот посочи дека прво ќе се почне со обезбедување согласност од родителите, а потоа ќе биде презентирана и методологијата.

– Јас верувам дека подготовката во текот на следнава недела ќе заврши и дека од таа недела потоа ќе го започнеме процесот на тестирање. Сакам да кажам дека целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители, рече Филипче.

Според податоците на Министерството за здравство, 73 проценти од пациентите кои починале од Ковид-19 имале најмалку две хронични болести, што, според Филипче е факт кој бара еден детален скрининг на генералната здравствена состојба на населението. Тој деновиве рече дека скринингот ќе ја опфати здравствената состојба на пациентите претходно, типот на хронични болести, начинот на лекување, редовноста во земањето терапија и пристапот кон неа, колку често се јавуваат на контролни прегледи.

Деновиве во државата пристигнаа 100 илјади вакцини од компанијата „Фајзер“ преку системот Ковакс, а вкупно од овој производител има околу 250 илјади, 50 000 вакцини на „Синовак“ и околу 100 илјади вакцини од производителот „Астра Зенека“. Од Министерството за здравство очекуваат наскоро Данска да ја објави донацијата од 250 илјади вакцини од производителот „Џонсон“, кои имаат рок до 2023 година.

Заклучно со петокот, вакцинирани се 781 623 граѓани, а ревакцинирани 714 135, односно аплицирани се вкупно 1 495 762 дози.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.

Министерството потсетува дека за вакцинирање на пунктовите не е потребно закажан термин, а децата од 12 до 18 години се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход, информира Министерството за здравство.

Ковид-статистиката слична на претходните денови. Вчера беа регистрирани се 336 нови случаи од направени 3.425 тестирања или околу 9,8 отсто. Беа евидентирани 17 починати лица, од кои половината се од Скопје и Куманово и оздравени 222 пациенти. Од починатите, најмладото лице е на 38-годишна возраст од Охрид.

 

Досега во земјава се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 5735 активни случаи, следи Куманово – 979,

Тетово – 948, Охрид – 515, Гостивар – 488, Кичево – 411, Струга – 365, Струмица – 331,

Велес – 324, Прилеп – 300, Битола – 287, Штип – 248, Кавадарци – 225. Во другите градови се под 200 активни, а во Дојран само еден случај на позитивен на коронавирусот.

Од денеска почнува и изборната кампања за локалните избори, но епидемиолозите не очекуваат таа да ја измени епидемиолошката слика во државата оти голем дел од населението веќе го има прележано вирусот, а и ревакцинирани се над 700 илјади граѓани./МИА/.

Next Post

Почнува кампањата за Локалните избори 2021

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk