Мојот градоначалник е од мое маало. Постојано е меѓу народот, добар со сите. Со конкретен план и решенија за проблемите, напиша Премиерот Заев на Фејсбук.
„Мојот градоначалник е подготвен за сѐ. Не се случило да не помогне некому. Мојот градоначалник си го знае својот народ. И решава проблеми. Се грижи да имаме поквалитетен живот. За зелен и чист град. Градоначалникот е наш човек. Домаќин човек и вистински пријател. На крајот на денот, тој секогаш има време за семејството. Мојот градоначалник? Најдобар е“, стои во статусот на Премиерот.





