Бесплатен национален WiFi на отворени јавни површини…Имаме 200 нови проекти, Клинички центар во Ѓорче Петров, ново училиште во населбата Александрија, изјави актуелниот градоначалник на оваа општина, Александар Наумоски од СДСМ.
ПОЛИТИКА
Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата
Проф. Крастева: Софија и Скопје мора да ги решат разликите на европско ниво, а Бугарија го сака токму спротивното –да ја ангажира ЕУ на своја страна. Бугарија звучи како од минато, а не како за иднина. Нашиот сопствен развој ќе беше забрзан доколку повеќето од нашите соседи беа членки на ЕУ, смета професорката по политички науки Крастева.
Пендаровски за „То Вима“: Решението на приговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка. Претседателот Пендаровски, за бугарското вето и ЕУ перспективата, коментира дека „за жал ситуацијата нѐ спречува да започнеме пристапни преговори“, иако земјата веќе ги има исполнето сите предуслови.
Заев: Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата со Бугарија. Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека в среда во Словенија ќе имаат состанок со претседателот Радев, со високите претставници на ЕУ, со премиерот Јанша. Посочи дека на Самитот ќе бидат присутни еврокмесарот за проширување Вархеји, канцеларката Меркел, претседателот Макрон.
КАМПАЊА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Имаме 200 нови проекти, Клинички центар во Ѓорче Петров, ново училиште во населбата Александрија, изјави актуелниот градоначалник на оваа општина, Александар Наумоски од СДСМ. Наумоски пред граѓаните истакна дека во новата Програма за следните четири години има над 200 нови проекти за секое населено место, за секое маало, проекти што ќе влијаат на унапредување на квалитетот на живот во општината.
Филипче: Со изградба на Клинички центар, Ѓорче Петров ќе добие можност за дополнителен развој. Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западне Балкан, благодарение на визионерството на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, истакна Филипче.
Заев: Фокусирани сме на услуги за граѓаните, а не на злоупотреба на парите. Знаете дека силно сме посветени на рамномерниот регионален развој и дека за нас нема делби и поделби по ниту една основа. Така ќе продолжиме да работиме. И вие знаете, ова е најдоброто, рече Заев.
Никола Наумоски до Данела Арсовска: Бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси е како „милијардата на Циле“. „Милијардата на Циле“ требаше да дојде од Тајван по признавањето, но никогаш не пристигна, а на Македонија ѝ се случи големата политичка и безбедносна криза во 2001 година“ – пишува Никола Наумоски во колумната „Бесплатен превоз на жедни преку вода“ објавена во „Слободен печат“.
(ВИДЕО) Дарко Костовски – кандидатот за градоначалник и пратеник од ВМРО ДПМНЕ повикува на насилство!? На социјалните медиуми и дел од порталите споделено е видео во кое сегашниот кандидат за градоначалник и актуелен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Бутел Дарко Костовски предводи група на млади и истите ги наведува да скандираат: „Клетите шиптари” и „Чиста Македонија” !!!