Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани.
Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.
Позната македонска актерка, Силвија Стојановска на 19 декември годинава беше приведена и спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во врска со заплена на огромна количина дрога, каде и беше одреден 30-деневен домашен притвор.
МВР на денешниот прес ќе обелодени повеќе детали за оваа акција.
https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/videos/1493312194168451/