ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Ако ЕУ не може да ги подобри работите на Балканот, нема да може на направи ништо никаде на светот

October 4, 2021 16:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Ако ЕУ не може да ги приближи работите кон подобро на Балканот, нема да може на направи ништо никаде, ни во Сирија, ни во односите со други држави, бидејќи овде кај нас го има најголемото влијание, и географски и политички и економски и секакво, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во Белград, каде учествуваше на Економскиот форум на панелот „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“

– Кај некои од поскептичните земји членки на ЕУ за проширувањето, во нивниот ум Балканот не е во центарот на проширувањето и не е најважното прашање. Тие поминаа низ серија кризи последните години, од финансиска, во Еврозоната, миграциите, а една земја членка си отиде. Тука е и кризата каде што дел од земјите членки не веруваат дека некои други до крај ги почитуваат европските вредности на кои се нафатиле, пред се во делот на владеење на правото, независност на медиумите итн. Во тие услови од нивна перспектива тие гледаат на шесте земји од Балканот и велат: Овие ќе ни донесат решенија или ќе имаме повеќе проблеми, изјави Димитров.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Димитров е убеден дека немањето ангажман или оставањето на Балканот по страна, ќе чини многу повеќе отколку неговата европеизација.

– Не може една куќа да биде целосно функционална ако имаат една соба што е исклучена од сите системи, оти тоа не е добро за целата куќа. Ако Балканот е исклучен од обединета Европа, тоа е лошо за самата Европа, и безбедносно и политички и вредносно. Тие ќе бидат далеку подобро ако нашите политики се на линија со нивните. Ако овде владее правото и има цврсти демократии во шесте земји од Балканот, додаде Димитров.

Одговарајќи на прашање на панел дискусијата околу скептицизмот на некои за земји членки на ЕУ кон проширувањето на Унијата, Димитров посочи дека ако Европа овде тоа не го препознае како шанса да направи нешто, никогаш нема да направи ништо, ни во Сирија, ни во односите со други држави, бидејќи овде кај нас го има најголемото влијание и географски и политички и економски и секакво.

Вицепремиерот истакна дека постои поделена одговорност и задача за двете страни – Унијата се соочува со бројни предизвици за иднината на процесот на европска интеграција, но заложбата во регионот е клучна за зајакнување и на внатрешен план и надворешно, како глобален актер, додека пак земјите од Западен Балкан треба да дадат соодветни аргументи за поддршка на нивното членство низ процесот на европеизација.

Next Post
фото: Bigthink

(ВИДЕО) 3Д-испечатена, ласерски зготвена храна можеби е иднината на готвењето

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk