Милијардери, десетина шефови на држави и влади и светски музички ѕвезди, криеле милиони средстав на тајни офшор сметки во даночните раеви, се наведува во истрагата објавена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).
Истрагата за таканаречените „Пандора документи“, во која учествувале околу 600 новинари од десетици светски медиуми, вклучувајќи ги „Вашингтон пост“ и „Гардијан“, се темели на протекување на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги ширум светот.
Милионите документи доставени до новинарите откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните раеви.
Автор: Antonio Rodríguez Garcia / Мексико.
Извор: rodriguez-cartoons.blogspot.com