ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Герасимовски: Нема да дозволиме да се злоупотреби ниту една педа државното земјиште

October 5, 2021 10:04
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар во изминатиот период особено по дивеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше сериозна борба за намалување на катноста, поголем број паркинзи и повеќе зелени површини“, рече Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во вечерашното гостување на Телма телевизија.

Прашан за селективност при носење на Мораториумот, Герасимовски потсети дека немало никаква селективност туку поради усогласеноста на ДУП-овите со ГУП-от, некои населби или дел од населбите воопшто и не биле подложни на Мораториум. Тој рече дека кога Уставниот суд го укинал Мораториумот инвеститорот кај Холидеј Ин регуларно ја извадил дозволата и си платил комуналии за зградата чија катност е намалена тројно во однос на првичните планови за градба.

Во програмата со која Герасимовски излегува пред граѓаните има решенија за дефицитарните паркинг места при што тој рече дека во најфреквентното место „Дебар Маало“ на местото на постоечката општинска зграда се планира нова каде ќе биде сместена и полицијата и нов паркинг простор за околу 300 возила под земја.

„Центар е главното централно јадро во градот каде што секојдневно имаме фреквенција на голем број на возила. Нормално е и да имаме и зголемен број на возила коишто се паркираат на сите паркинзи коишто се низ општината. Ги имаме детектирано сите точки. Најголем е проблемот со паркирањето, тоа е во делот на „Буњаковец“, „Дебар Маало“ и „Капиштец„ и за сите три локации имаме планирано како ќе ги решиме. Почнувајќи од улицата „Народен Фронт и продолжување на монтажниот паркинг до завршувањето на улицата каде што имаме 250 паркинг места. Потоа во делот на ПУИК каде има 296 паркинзи“, рече Герасимовски на Телма.

За намалување на фреквенцијата на возилата, тој рече дека набрзо следува и затворање на улицата „Боемска 2“ која ќе се претвори во пешачка зона. Друга пешачка зона се планира на  ул „Мирослав Крлежа“ која исто така ќе се претвори во пешачка зона.

Причината за ова рече Герасимовски е граѓаните на Центар да почнат повеќе да користат велосипеди или да одат пешки.

Next Post
Antonio Rodríguez Garcia

Пандора документи

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk