ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

СДСМ најави придонеси за прво вработување секој млад човек, а ВМРО-ДПМНЕ преговори за нова Влада ден по избори

October 6, 2021 08:52
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На половина од кампањата за локалните избори, СДСМ вчера го промовираше планот според кој од 1 јануари 2022 година државата ќе ги покрие придонесите за секој млад до 29 години кој ќе се вработи за прв пат, додека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ најави дека ден по изборите ќе почне преговори за формирање ново парламентарно мнозинство во Собранието.

Премиерот Зоран Заев и лидер на владејачката СДСМ на синоќешниот митинг во Аеродром најави дека еден од најновите чекори што ги преземе власта, а кој ќе значи уште поголема мотивација за секој млад човек да тргне на работ е дека од 1 јануари државата ќе ги плати придонесите за секој нововработен млад човек.

– Дополнително, оние кои немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство во фирмата кое државата директно ќе го покрие, истакна Заев.

Тој додаде дека следуваат и дополнителни стимулации за нововработените млади.

– Младите се нашиот двигател, нашата енергија, нашата иднина и затоа четири години сериозно вложуваме во нив: Инвестиравме во издржани, реални, младински политики, за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина. Ве повикувам драги млади следете ги можностите кои доаѓаат и на централно и на локално ниво. Тие се пред вас. Државата, градот, општините ви ги обезбедуваат, останете дома во своите општини и ангажирајте се на пазарот на трудот, потенцираше Заев.

Тој упати порака до младите луѓе дека што порано стекнат работно искуство и вештини, толку побрзо ќе напредуваат во кариерата. – Најмногу очекувам младите да се мотивираат и да започнат свој бизнис. Да бидат свои газди со свои сопствени фирми. Државата ќе ве поддржи почитувани млади луѓе, потенцираше лидерот на СДСМ.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски од собир во Гази Баба порача дека СДСМ изминатите четири години работеше вредно, одговорно и отчетно, додавајќи дека политиките на партијата се за граѓаните, за зголемување на животниот стандард, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, во секој град и населено место.

– Пред четири години наследивме општини заглавени во долгови, без планови за развој, опустошени, помогнавме на сите општини да се раздолжат, обезбедивме и дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво, наместо барок и споменици, изградивме нови улици и патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици, градинки, училишта, библиотеки, игралишта, нагласи Спасовски.

Секретарот за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз, Бојан Маричиќ на средба со жителите на населба Козле порача дека „не смее да дозволиме да се вратиме назад, во времето на долгови, узурпација на јавен простор, урбаниот хаос”. – Мора да продолжиме со темпото на реализација на проекти како последните 4 години, но со уште посилна динамика, порача Маричиќ.

Од друга страна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски на митингот на коалицијата преводена од оваа партија во скопската општина Центар најави дека ден после завршувањето на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ планира да преговара за формирање на ново владино мнозинство во Собранието.

– Затоа славењето ќе биде пократко, затоа што ќе ни треба концентрација и енергија уште утредента да ја срушиме оваа Влада, затоа што секој ден плус е плус уништување на Македонија. После овие избори на 17 октомври и на 31 октомври ќе се случи една работа која што обично не се случува после избори. Обично после избори тие што ќе победат слават, утредента се мамурни, а овие другите плачат, па утредента ги боли глава. Ние планираме ден после 17, ден после 31, да преговараме за нова влада во рамки на Собранието на Република Македонија, изјави Николовски.

Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, пак, порача дека овие избори не е само избор помеѓу две спротивставени политички партии. – Ова е борба на два концепти – концепт на уништување од една страна и, од друга страна, концепт на промени, проекти и победи. Концепт на манипулации наспроти концепт на реални и остварливи решенија. Неработници, забушанти и сплеткари, наспроти вредни луѓе со интегритет, истакна Славевски.

Во текот на утрешниот ден Централниот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина” ќе престојува во Пробиштип, каде на собири со граѓаните ќе се обратат лидерот на СДСМ, Заев и кандидатот за градоначалник Драган Атанасов. Вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина” ќе престојува во Ресен, каде се обратат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и кандидатот за градоначалник Живко Гошаревски.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!” во Петровец, Илинден, Зелениково и Ѓорче Петров.

Изборни активности во Свети Николе и Штип ќе има Движењето „Одлучно за промени” предводено од ДОМ и ЛДП, лидерот на Левица, Димитар Апасиев ќе присуствува на отворањето на канцеларии партијата во Делчево, а Движењето Беса ќе има средби со граѓаните во Куманово.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk