ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конечно дојде времето да му се плашиме на Апасиев!

Хух! Добро е, го преживеавме предизборниот викенд-митинг на Перо Камиказа и Левица – но, не за долго: крв има да се лее по скопските калдрми кога Апасиев ќе дојде на власт

October 6, 2021 09:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Насловот на овој текст е директната порака од „најдобриот говор во историјата на локалните избори“ (како што го оценува неговиот Агитпроп): Апасиев во саботата (а јас, абдал невнимателен, го преспав три дена!) се обрати на митингот на градоначалничкиот кандидат Перо Камиказа, во кој најави дека „кога ќе дојдеме на власт ќе ги забраниме митинзите, да знаете!“, а потоа се „осврна“ на потребата изборите да се одржуваат секоја година, како за време на старите Римјани, „оти како што гледате само пред избори се работи“, нудејќи им го 62-годишниот Камиказа на младите поддржувачи на Левица за градоначалник на Скопје заради неговата „возраст и искуство“, а и бидејќи, според фотографиите во кои Апасиев направил увид, „Перо има јаки стомачни (мускули)“ и „како за негова возраст многу добро се држи“.

По неколку пасажи од римските времиња и анегдоти од создавањето на Левица, Апасиев во „најдобриот говор во историјата на локалните избори“ ја испрати главната порака од митингот (што ќе се забрани, веднаш по неговото доаѓање на власт): „Hо конечно дојде времето кога ни се плашат – и треба да ни се плашат, бидејќи ќе бидеме сурови, безмилосни кон нивните криминали и нивните предавства. Бидејќи Левица не простува и Левица не ги  заборава сите овие зулуми коишто ни ги направија.“

Потоа следува мала тирада за „домашните окупатори и квислинзи“ и дојденото време „нашиот свет да стане (да се крене – н.з.) против нивниот“, со цитат од неговиот гуру, Робеспјер (од најдобрите времиња на „владеењето на теророт“ во историјата на Франција): „Ќе ја пресечеме секоја рака што ќе се осмели да го задржи народот!“… (Патем, Робеспјер, висок 160 сантиметри, го удвоил бројот на јавни погубувања без судење, а самиот завршил на гилотината на Француската револуција во 1794, без судење.)

Од видеото на митингот (намерно не ставам линк, револуционерите треба малку да се помачат сами да го најдат, а и заради заштита на малолетната публика) се гледа собрана група на стотина граѓани, главно младинци, кои добро се забавуваа огреани од скопското есенско сонце, веројатно идните доброволци во комитетите за ликвидација на Апасиев.

Хух! Добро е, го преживеавме митингов – но, не за долго: крв има да се лее по скопските калдрми кога Апасиев ќе дојде на власт! Дури и маратонецот Камиказа на митингот малку подголтна и делуваше некако замислен, оти едно е да се трча за градоначалнички мандат, а друго е да се бега пред крвавите секири на Апасиев, брзоногиот револуционер висок 160 сантиметри. Не знае Камиказа, ама можеби претпоставува, дека целата „екипа“ на Робеспјер заврши трагично и без судење, како и тој (Робеспјер) самиот, а на Перо уметничкото име Камиказа веројатно почнува да му звучи како лош прекар (староримски omen), навестување на политичката судбина што сигурно не си ја посакува.

Што да се каже?

Ништо. Всушност, едно големо НИШТО. Вози, Мишко!

 


Преземено од Цивил Медиа. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

„Никогаш не е многу од мостови на Балканот“, вели Милчо Манчевски во интервју за „Кориере дела сера“

НАЈНОВО

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025
Скриншот

Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk