ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата, стопанството и РКЕ договорија заеднички активности за ублажување на ценовниот шок

October 6, 2021 09:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Северна Македонија да го сублимира мислењето на компаниите, Регулаторната комисија за енергетика најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои неосновано, непрофесионално и бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите, а Владата да изнајде начин да им помогне на фирмите во рамки на можностите.

Ова е заклучокот од вчерашната средба на владините претставници со раководството на Стопанската комора по предупредувањата за можен ценовен шок поради енормното покачување на цените на енергенсите на светските берзи.

Како што беше речено, кризата е реалност, ќе потрае подолг период и ќе бара решенија со долгорочен и краткорочен карактер. За таа цел, мора да се изврши мобилизација на сите учесници во овој процес. Тоа е неопходно за егзистирање и развој на македонската економија. Сите чинители имаат голема одговорност да ја менаџираат ситуацијата на највисоко професионално ниво и согласно мислењето на светските авторитети – дека времето на ефтината енергија полека привршува, факт што треба сите да го прифатиме.

Средбата се одржа во Стопанската комора, под раководство на претседателот Бранко Азески, а учествуваа премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимоски.

-Се поздравува одлуката за интервентен увоз на јаглен за нашите електрани со кои ќе се подигне на максимално ниво нашето производство и се повикуваат компаниите да учествуваат на овој јавен повик што ќе овозможи нивна работа подолг период и поевтина електрична енергија и за нив и за домаќинствата, соопшти Стопанската комора.

На средбата стана збор и за други модалитети што ќе бидат предмет на расправа во петок, на средбата на засегнатите компании и надлежните институции, како што се можноста државата преку ЕСМ да обезбеди поголемо количество струја со пониска цена и продолжување на процесот на инвестирање во обновливите извори на енергија.

-Состојбата со гасот се очекува да биде стабилна до крајот на годината, а преговорите за наредната година ќе почнат кон крајот на овој месец, наведува Комората.

Вчера се одржа и средба меѓу претставниците на Здружението од прехранбената индустрија и вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Претседателот на Стопанската Комора, Азески завчера реагираше, укажувајќи дека покрај последиците од пандемијата, снабдувањето со електрична енергија во наредните години ќе биде прашање со кое ќе се занимаваме 24/7. Како што напиша Азески, цената на електричната енергија на берзата за енергија во Будимпешта за последните 12 месеци порасна од 57 евра за мегават час на 1.01.2021 година, до 138 евра за мегават час на 27.09.2021 година. Истиот ден, Здружението за земјоделство на Комората предупреди дека храната се очекува да поскапи за 40 – 50 проценти, но и дека на тоа може да влијае државата, доколку преземе соодветни мерки кои би го ублажиле ударот од ценовниот шок врз потрошувачите. Побарана беше и конкретна финансиска поддршка за преработувачите.

Премиерот Заев, вицепемиерот Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера изјавија дека состојбата будно се следи и дека ако треба, државата ќе интервенира./МИА/.

Next Post

Ангеловска-Бежоска – Петров: Прва национална стратегија за финтек-секторот до крајот на годината

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk