ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Е, па, добро, ќе се гушкаме со Србите, Албанците и Грците!

Не ми е за друго, ѝ го расипаа Бугарите среќното и долговечно заминување на Меркел во политичка пензија

October 8, 2021 14:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Некако вообичаено, изјавата на госпожа Ангела Меркел на Брдо кај Крањ треба да се земе како најверодостојно толкување на проблемот на ЕУ и на Западниот Балкан со Бугарите: „Се надевам дека проблемите ќе бидат надминати. Како што знаете, во Бугарија тоа сега не е возможно, бидејќи наскоро ќе се одржат парламентарни и претседателски избори, така што во овој контекст сега е невозможно да донесете брзи одлуки.“

Во оваа изјава имате сѐ: европската надеж, бугарските домашни перипетии, неможноста за решение на спорот.

Тоа е тоа. Откако ја „покоривме“ целата друга ЕУ, со Бугарите, и покрај општите европски надежи, нема да има „брзи одлуки“. Тешко ќе има и спори одлуки, бидејќи уште Меркел недоизлезена од вратата на салата на Брдо, каде што со Макрон и другите се обидуваа да го убедат Радев дека неговата држава води ирационална политика во однос на својот западен сосед, бугарскиот претседател испорача такви барања до Македонија, што за нивното исполнување би требало да го вратиме тркалото на историјата барем седумдесетина години наназад, плус да ангажираме и едно стотина илјади „оригинални“ Бугари кои овдека би ги попишале како Македонци. Бидејќи, овие на кои Бугарите им дадоа пасоши, како што стојат работите, не сакаат да се попишат како Бугари. Срам да им е.

Истовремено, од Атина, на крајот на својата дводневна официјална посета, поздрави испрати македонскиот претседател Пендаровски кој оцени дека „билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција влегуваат во еден нормален тек“. Претпоставувам дека и ова ќе биде провокација за Софија, оти тамошната политичка елита сѐ уште е во шок од Преспанскиот договор.

Кога го потпишуваа Договорот за добрососедска соработка со нас, Бугарите си мислеа дека меѓу Скопје и Атина никогаш нема да се постигне решение, со што Грците ќе продолжат да бидат главните виновници за евро-атлантската блокада и на нас и на Западниот Балкан, а дека во Софија ќе се продолжи со индустриско „штанцање“ пасоши за Македонците, па кога таа бројка ќе стигне до еден милион овдешни државјани, само ќе биде техничко прашање кога ќе се извадат бугарските знамиња по овдешните бандери и, веројатно, ќе ги обновиме разговорите за поделба на земјата со нашите сограѓани, етнички Албанци. Стара, всушност најстара балканска националистичка приказна.

Но, бидејќи со Преспанскиот договор македонската интеграциска приказна со влезот во НАТО се „откочи“, а Договорот со Бугарија – пристоен, цивилизиран, во најдобар интерес на двата соседи – веќе беше потпишан, Бугарите, на-врат-на-ност, побрзаа да ни стават вето за отпочнување преговори со Унијата.

Не ми е за друго, ѝ го расипаа среќното и долговечно заминување на Меркел во политичка пензија.

Во изминатата година и кусур, односите меѓу денешната Република Северна Македонија и Република Бугарија се веројатно најлоши (минус безбедносната, некогашната блоковска компонента) уште од времињата на Втората Светска Војна. Македонците ќе продолжат, во големи количества (додуша, нешто помалку и во соседна Бугарија!) да го слушаат и гледаат блескавиот кичерај на српските фолк-ѕвезди и да му се воодушевуваат на Вучиќ како автократски умешно ја држи власта во Белград; и масовно ќе продолжат да одат по грчките плажи и, во сѐ поголем број, на убавото албанско крајбрежје… Животот ќе си тече и понатаму, како и „гушкањето“ со сите наши соседи, минус Бугарите.

Може ли некој да објасни како е тоа во интерес на краткорочните, среднорочните и долгорочните интереси на Бугарија, со оглед на оваа нејзина да-му-умре-козата-на-комшијата политика кон Македонија?! … Вистинска балканска мистерија.

 


Преземено од Цивил медиа. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk