ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ТИРЗ: Стабилен раст на економските активности во зоните – третиот квартал највисок во последните четири години

October 9, 2021 11:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во технолошко индустриските развојни зони, по првите два и во третиот квартал е регистрирано највисоко ниво на економска активност споредено со истиот период во последните четири години, покажува редовната анализа на ТИРЗ.

– Во третиот квартал извозот е 696 милиони евра, што е највисок во последните четири години споредено со истиот период. Дополнително во првите девет месеци од 2021 е регистрирано највисоко ниво на извоз и увоз споредено со истиот период во изминатите четири години. Во периодот од јануари до септември годинава, извозната активност во индустриските зони достигна 2 милијарди 235 милиони евра што е за 39 отсто повеќе од истиот период во 2020г, додека во однос на 2019 година порастот е околу 9 проценти, односно 26,6 посто споредено со 2018. Се очекува ваквиот тренд да продолжи до крајот на годинава со што според проценките извозот може да достигне блиску до 3 милијарди евра годишно, што би било рекордно ниво досега, соопшти ТИРЗ.

Додаваат дека во првите девет месеци од 2021 година вкупниот увоз во зоните изнесува над 2,225 милијарди евра и е за 56 проценти зголемен во однос на истиот период лани односно 16 отсто во однос на 2019 година, а над 50 посто во однос на 2018.

– И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво во однос на истиот квартал во секоја од изминатите четири години. Така увозот во третиот квартал од годинава достигна 690 милиони евра што е за 13 посто повисок од истиот квартал лани, односно за 22 проценти повисок споредено со третиот квартал во 2019. Месечниот увоз во ТИРЗ во септември 2021 година го надминува месечниот увоз за истиот месец во изминатите четири години и е на ниво од 189 милиони евра. Споредено со септември 2020 година, увозот е поголем за 7 посто, наведуваат од ТИРЗ.

ТИРЗ е во фаза на воведување нови параметри во анализата за да се увиди колкав дел од увозот се должи на набавка на опрема, а колкав дел на суровини. Анализата посочува дека во период на зголемени инвестициски активности голем дел од увозот се должи на набавка на машини, опрема и нови технологии. Ова, како што велат од ТИРЗ, се одразува и на нето извозот, односно речиси изедначена покриеност на увозот и извозот во зоните. Заклучно со август нето извозот е во позитива од 0,70 проценти.

– Според анализата над 70 посто од компаниите работат во рамки на просекот или над него, споредено со претходните месеци во 2021. ТИРЗ внимателно ги следи ризиците со глобалните ланци на снабдување и доколку е потребно ќе се предложат мерки за справување со можните последици.  Меѓу другото, во рамки на новиот концепт на привлекување на инвестиции ТИРЗ веќе применува диверзифициран пристап и привлекување инвестиции и од различни сектори, се вели во соопштението.

извор: МИА
Next Post

Нацевска: Граѓаните сѐ повеќе ги користат придобивките од електронското банкарство

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk