На денешната владина седница беше решено директорката на МНТ во следните три месеци да добива плата која ќе биде намалена за 15 проценти.
Казната ѝ се изрекува затоа што направила пропуст и дозволила користење на МНТ без писмен договор, пишува во соопштението на Владата.
Исто така, македонската Влада побара Министерството за култура да наложи на директорката на МНТ од организаторите да бара надомест за направената штета од навивачите.
На 23 ноември оваа година во Македонскиот народен театар беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери”, при што беше уништен инвентар во МНТ.