ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Скопје е град на модерни фестивали, а не главен град на кичот со фестивали на субрата Рој

October 10, 2021 12:59
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје веќе не е главен град на кичот, како во време на ВМРО-ДПМНЕ, туку се препознава како модерна културна престолнина.

Скопје е веќе град на културни случувања и фестивали, со реконструирани и нови културни сцени. Во сите 12 месеци од годината се организираат културни случувања, културни настани и фестивали, дури и во време на пандемија. Бевме единствен град во Европа што организираше „Култура во време на корона“ како поддршка на уметниците. Скопјани секоја година уживаат и во фестивалот „Скопје лајт дистрикт“ и во koнцертите на „Филхармонија на отворено“.

Младинскиот културен центар стана полноправна членка на најреномираната мрежа на концертни сали во Европа. Град Скопје ја зголеми поддршката за МОТ, фестивал кој за време на пандемија се случуваше онлајн, а скопски уметнички проект доби главната награда „Златна Трига“ Прашко квадриенале. Фестивалот „Здраво Млади“ се одржуваше и за време на пандемија и влезе во најдобрите 20 фестивали. ДКЦ „Карпош“ прерасна во значаен културен центар каде што се собираат најмладите, а фестивалите како Тремоло и Саксклар на скопските сцени ги донесоа врвните светски имиња. Со фестивалот „Звуците на чаршијата“ ги промовираме различностите во старата скопска чаршија.

Град Скопје постојано го охрабрува културното и уметничкото изразување на младите, креира простори за алтернативна култура и можност за реализација на нивните идеи. Градот спроведе конкурс и распиша тендер за две летни сцени. Нема веќе наместени и тајни јавни повици за финансирање на проекти од областа на културата. Сите повици се објавуваат најтранспарентно и траат доволно време. Ја воведовме и новината за онлајн аплицирање, со што дополнително е олеснета процедурата. Го воведивме јавнот повик „Од центар кон периферија“ за поддршка на проекти кое се одвиваат во периферните делови на Скопје.

Ја отворивме првата галерија на отворено со графити и урбана уметност во сутеренот на ГТЦ со дела на 22 уметници. Покрај галеријата на графити во катната гаража „26 Јули“, Скопје е збогатено со муралите насликани од светски и локални уметници на повеќе локации. Назначивме и две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое го претвори Скопје во главен град на кичот, и кич фестивали на Субрата Рој, ние водиме грижа за традициите, историското и културно наследство на градот. Некогаш дивиот паркинг кај „Ибн Пајко“ го претворивме во зелена оаза, омилено место за одмор и релаксација на граѓаните, но и место каде што се одржуваат културни и забавни настани. И новите зелени кровови во Скопје се омилени културни сврталишта на Скопјани.

ЗОО прерасна во една од најопремените, најбогатите со животни и најпосетените зоолошки градини на Балканот. Впрочем, на тоа укажува и фактот на илјадници посети секој ден во зоолошката градина и Дино паркот. Скопјани не забораваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја избриша Универзална сала од урбанистичките планови и на нејзино место нацрта огромна бетонска грдосија. Со Петре Шилегов Универзална сала почна да го добива своето ново лице, се реконструира во постојниот облик и габарит, и го задржува нејзиниот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.

Ќе го реконструираме и Мултимедијален центар „Другарче“ во нов општински мултимедијален центар на културата, во Кисела Вода ќе креираме Младински културен центар и културен центар во Шуто Оризари. Го ставаме Скопје на мапата на европски престолнини на културата, како кандидат за титулата во 2028 година. Ги преосмислување културните политики во Скопје, преку нивното содејство со локалната економија, образованието, урбанизмот, животната средина. Скопје покажува сериозен исчекор во културата во градот преку откривање нови простори, грижа за културните работници, поддршка за креативните индустрии, новите медиуми… Скопје станува модерна културна престолнина, наместо главен град на лажниот барок и кичот.

Next Post

Герасимовски: Преку вело- мрежа и отстранување на црните точки во сообраќајот ќе ја зголемиме безбедноста за граѓаните

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk