ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: 11 Октомври е вредно наследство кое го добивме од учесниците во Народноослободителната борба

October 11, 2021 10:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со гордост и достоинство го одбележуваме 11 Октомври, како еден од најзначајните датуми во нашата историја, како паметник и потсетник дека пред 80 години македонскиот народ ја донесе вистинската одлука – да пристапи кон антифашистичката коалиција, кревајќи востание како почеток на народното ослободително движење, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во честитката по повод државниот празник.

Спасовски истакна дека 11 Октомври претставува непобитен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Тоа е датумот на едно победничко востание, континуум на слободарските традиции на нашиот народ. Тој додава дека ова е еден од најсветлите датуми во историјата на државата.

– Затоа и засекогаш ќе се поклонуваме на храброста на нашите предци, на оние од  Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, на оние што во областа „Студена вода“ го формираа Кумановскиот односно Козјачкиот партизански одред, а кај „Менкова колиба“ и  Карадачкиот партизански одред. Но и на сите оние кои во чекор ги следеа во нивниот подвиг и жестоко се бореа за остварување и зачувување на идеалите за слобода, рамноправност и сувереност, пишува во честитката.

Министерот додаде дека благодарени на борците, нашата земја даде огромен придонес во победата на фашизмот во Втората светска војна.

-Благодарение на нив го дочекавме сопственото ослободување! Без ова ослободително движење Македонија немаше да постои!  Таа е создадена од азбуката на нашето минато, од илјадниците борци кои ги положија своите животи, создадена е од историјата. Токму затоа и не можеме да ја менуваме историјата. Таа не ни припаѓа нам, туку ние на неа, вели Спасовски.

Тој додаде дека антифашистичката борба мора да претставува точка на обединување на граѓаните, независно од партиска, верска или етничка припадност.

Спасовски вели дека 11 Октомври е вредно наследство кое го добивме од учесниците во Народноослободителната борба. Пред спомените и спомениците кои сведочат за нивните херојства, министерот вели дека сите ние – претходните и идните генерации – сме обврзани да го чуваме тоа наше завештание, да ја негуваме нивната непоколеблива верба во слободата и да продолжиме да ги чуваме и негуваме нивните идеали и визии.

-Сега, радувајќи им се на слободата и државноста, остануваме посветени на задачата да ја чуваме и развиваме нашата татковина и да ги почитуваме демократските вредности и  вредностите на сите народи во земјата, на сите заедници кои живеат тука и го создаваат нејзиниот културен колорит, нејзиното современо богатство, да дадеме уште еднаш свој придонес кон напредните цивилизациски вредности. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври! Да живее Република Северна Македонија, пишува министерот во честитката.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Рамбо Амадеус, Едо Маајка, Дарко Рундек... одговараат на „Зошто сум антифашист“

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Слот потврди – Ливерпул во целост ќе го исплати договорот на семејството на Диого Жота

September 26, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

September 26, 2025

Ердоган: Постигнавме „заедничко разбирање“ со Трамп за примирје и траен мир во Газа

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk