Активисти облечени во маици со обележје на политичката партија Левица го „окупираа“ меморијалниот комплекс Могила на непобедените во Прилеп каде претпладнево се одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание, објави 360 степени.
Група од 11 лица застана пред споменикот и го попречи патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит.
На церемонијата во Прилеп, која заврши предмалку, свое обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски.