ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Британската министерка за Европа и Америка Венди Мортон во дводневна посета на Скопје

October 13, 2021 07:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Portraits of Minister Wendy Morton at 102 Petty France, London. Picture date: 19/08/19. Photo credit must read: LAUREN HURLEY CROWN COPYRIGHT.

Portraits of Minister Wendy Morton at 102 Petty France, London. Picture date: 19/08/19. Photo credit must read: LAUREN HURLEY CROWN COPYRIGHT.

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Северна Македонија, каде ќе присуствува на првиот состанок на Советот во рамките на Договорот за партнерство, трговија и соработка (ДПТС) во Министерството за надворешни работи, што ќе ги зајакне трговските врски меѓу двете земји.

Како што соопштија од Британската амбасада, Обединетото Кралство и Северна Македонија го потпишаа Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година со цел да ја зајакнат можноста за трговска соработка откако Обединетото Кралство ја напушти ЕУ.

-Задоволство ми е што сум тука во Северна Македонија на првиот состанок на Советот во рамките на Договорот за партнерство, трговија и соработка. Овој договор претставува рамка за поблизок политички дијалог и засилено трговско партнерство. Исто така, го поддржува унапредувањето на соработката во полето на животната средина, образованието, човековите права и претставува можност за зајакнување на нашите безбедносни и културни врски, стои во изјавата од министерката Мортон спроти посетата на Скопје.

Во рамките на посетата британската министерка ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за животна средина Насер Нуредини. Таа ќе го посети и проектот на Британскиот совет „Училишта за 21-от век“ и ќе се сретне со граѓански организации кои работат на заштита на животната средина, промоција на човековите права, родова еднаквост, вклучување на лицата со попреченост и медиумски организации.

Тема на разговор на нејзините средби ќе бидат и климатските промени во пресрет на Конференцијата за климатски промени (COP26) која ќе се одржи во Глазгов и клучните реформски процеси со акцент на владеењето на правото, доброто владеење, човековите права, медиумите, образованието, родовата еднаквост и вклучувањето на лицата со попреченост.

Ова е втора посета на Скопје на британската министерка за Европа и Америка на Северна Македонија, по нејзиното учество на состанокот на Министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во 2020 година./МИА/.

Next Post

(ВИДЕО) Брнс направи ајвар, ја промовира традиционалната македонска кујна

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk