Амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Мери Брнс, на својот Фејсбук профил објави видео на кое приготвува ајвара, зимница која ја подготвуваме наесен и е наша традиција.
Брнз пече и лупи пиперки, а на видето може да се види и нејзиниот сопруг Капетан Лери Скот Гејџ и други вработени во амбасадата, кои и се придружија во правењето пикантен, сочен ајвар наречен „red dog“ (црвено куче).
Нејзината идеја е да се промовира овој деликатес на традиционалната македонска кујна меѓу Американците, и затоа дел од ајварот, ќе им биде подарен на странски дипломати, гости од САД и пријатели на амбасадорот.