ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Препораки за стимулативни мерки за имунизација, активни 6.658 ковид случаи

October 13, 2021 08:15
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на активни ковид случаи во државава изнесува 6.658 и бележи пад за околу 4.000 споредено со претходната недела. Повеќе од половина од вкупниот број се во главниот град, 3.391, по што следи Куманово со над 500, додека Демир Капија со три и Дојран со еден се со најмалку активни случаи. За поефикасно справување со пандемијата и во текот на вчерашниот ден беа упатени повици да се забрза темпото за имунизација со стимулативни мерки, граѓаните навреме да одат на лекар и да не се лекуваат на своја рака.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ)  апелираше граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

Апелот уследи откако, како што информираа, до ДЗСИ добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид-19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.  Блиски родини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала.

Анализите на Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк, пак, покажале дека вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари или 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот.  Вакцинацијата, според проценките, ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9 и 46,5 проценти и спречила да се заразат дополнително околу 14 500 луѓе или 148 повеќе новозаразени на ден во текот на последните 3,5 месеци.

– Отсуството на вакцинација би придонело, кумулативно, до дополнителни 4.595 неделни хоспитализации (околу 328 хоспитализации повеќе, неделно), се вели во извештајот што вчера го објави Фајнанс тинк.

На носителите на политики им препорачаа да го забрзаат темпото на вакцинација со воведување стимулативни мерки како на пример вредносни ваучери особено во градовите каде има пониско ниво на вакцинирано население. И на приватниот сектор му се препорачува преку стимулативни мерки да ги мотивира вработените да се вакцинираат, а новинарите и истражувачите да го зголемат нивото на информираност на популацијата за ефектите од вакцинација преку издржани и детални анализи.

Податоците од Министерство за здравство покажуваат дека 35 проценти од популацијата во државава примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.

Според податоците од МЗ, по новите 130 заболени од коронавирусот регистрирани во вчерашната статистика на Министерството за здравство за претходното деноноќие вкупната бројка на ковид случаи во државава достигна 195.132. Во вчерашната ковид статистика беа регистрирани и 432 оздравени пациенти, како и шест починати, а досега како последица на Ковид-19 вкупно починаа 6.855 лица./МИА/.

Next Post
Џабир Дерала

Лажното удопство на тапоглавоста

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk