ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: 5Г мрежата нема никаква врска со вакцините

October 13, 2021 13:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува, па дури и идеите дека со непостоечките чипови ќе се контролира мисловниот процес на индивидуата која е вакцинирана – не e поткрепена со никакви факти и е невтемелена во реалноста. 5Г технологијата во комуникациите и вакцинацијата во здравството не се поврзани. Единственото заедничко за нив е што се случуваат во време на пандемија, кога дел од луѓето се окупирани со ширење на конспирации за дисквалификација на вакциналниот процес, пишува „Вистиномер“.

Рецензираме пост на Фејсбук кој манипулира дека тестирањето на 5Г мрежата во земјава има некаква врска со ковид вакцините и наводното чипирање со нив.

Почнува тестирање на 5Г! Да извршат проверка до каде се со чипирањето со вакцините!!, се вели во постот.

Телекомуникацискиот оператор „А1 Македонија“ на 5 октомври 2021 година, постави 5Г мрежа во центарот на Скопје за финално тестирање и со тоа, како што соопшти, е чекор поблиску до комерцијално воведување на 5Г-технологијата за сите корисници. Со ова финално тестирање достигната е брзина од 1 Gbps за пренос на податоци, реализирано на мобилен телефон кој поддржува 5Г-мрежа.

Од компанијата истакнуваат дека новата 5Г мрежа ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци за кои корисниците веќе и сега имаат реална потреба. Кон крајот на 2019 година завршена е првата фаза на тестирање на 5Г-технологијата во лабораториски услови. Тестовите беа направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина и ги потврдија очекувањата и можностите на 5Г технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија. Новата генерација технологии 5Г е веќе воведена во компаниите членки на Групацијата „А1 Телеком“, односно во Австрија, Хрватска и во Бугарија.

 

Дали ова на некаков начин е поврзано со вакцините и со некакви чипови во вакцините?

Се разбира дека не. Во вакцините нема чипови. Нивниот волумен е толку мал, што нема ниту теориска шанса да се вметне чип во вакцината, дури и кога би сакал некој да се впушта во таква скапа неразумна интервенција.

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар! Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0,3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Ова го потврдиле и проверувачи на факти од Австралија кои се занимавале со ова прашање.

Интерната димензија на иглата е 0.3 милимери. Чипот би морал да е фракција од ова, за да се спречи да се заглави. Мислам дека не е можно, а особено зашто би морало да биде вграден и трансмитер. За микрочипот да може да помине низ оваа игла со која се врши вакцинацијата, би морал да биде помал од десет илјадинки од милиметар, пишуваат проверувачи на факти од Австралија.

Министерството за здравство на Австралија одговарајќи на ова прашање, тврди дека чипови во вакцините нема.

Ниту една од вакцините против ковид-19 кои се во развој не содржат софтвер или микрочип. Тие не можат да се користат за да луѓето бидат следени, пишува на официјалната веб-страница на Министерството за здравство на Австралија.

Во следното видео повеќе лекари одговараат на прашањето дали вакцината против ковид-19 содржи микрочип.

Јавно се достапни сите компоненти на вакцините како дел од постапката за одобрението што треба да го добијат од Агенцијата за храна и лекови на САД, така што компаниите не може да изненадуваат со тоа што содржат нивните вакцини, вели доктор Џош Леско во видеото (18 секунда од видеото).

Од 37 секунда во видеото, друг експерт, исто така, посочува дека чипови во вакцините нема.

Покрај тоа што вакцините се создадени од луѓе кои се во партнерства со академски институции, научници кои го посветиле животот на помагање на луѓето и немаат друг интерес освен тој, исто така има и надворешни тела кои проверуваат што има во вакцините. Во нив членуваат луѓе од заедницата, луѓе кои не работат во компаниите производители и кои повторно немаат интереси. Така што, има многу контролни механизми за да се осигураме дека нема микрочипови или било што опасно за јавноста, вели доктор Мати Хлатшвајо Дејвис, лекар за инфективни болести на Универзитетот Вашингтон, на факултетот за медицина (37 секунда од видеото).

На следниот линк, на официјалната веб-страница за вакцинација во С. Македонија, поставени се упатствата за користење на вакцините во коишто го има и составот на секоја вакцина. Состојките на вакцините се позната и јавна информација и ниедна вакцина не содржи микрочип.

Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува, па дури и идеите дека со непостоечките чипови ќе се контролира мисловниот процес на индивидуата која е вакцинирана, е само смешна теорија на заговор, непоткрепена со никакви факти, невтемелена во реалноста. 5Г технологијата во комуникациите и вакцинацијата во здравството не се поврзани. Единственото заедничко за нив е што се случуваат во време на пандемија, кога дел од луѓето се окупирани со ширење на конспирации за дисквалификација на вакциналниот процес, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
МИА

Судири со полицијата во северниот дел на Косово, десетина Срби повредени

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk