ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОПЕК нема да го зголемува производството на нафта, очекува цените да не растат дополнително

October 13, 2021 19:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на нафтата, кои достигнаа највисоко ниво во последните неколку години, најверојатно нема дополнително да растат, изјави денеска ирачкиот министер за нафта Ихсан Абдул Џабар на енергетска конференција во Москва.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), Русија и нивните други сојузници, познати како групата ОПЕК +, минатата недела одлучија да се држат до својот план за зголемување на производството за 400.000 барели дневно во ноември, и покрај повиците за зголемување на испораката на повисоко ниво.

Ова доведе до скок на цените на нафтата на највисоко ниво во последните три години и ги засили инфлациските притисоци на глобално ниво.

– Пазарот треба да биде балансиран. Сметаме дека цената нема да се зголеми понатаму, рече Џабар на прашањето дали ОПЕК +, поради ситуацијата на пазарот, треба да го зголеми производството повеќе од планираното.

Северноморската нафта „брент“ денеска се тргува по 83 долари за барел.

Во врска со повикот на големите потрошувачи на „црно злато“, како што се САД и Индија, упатен до нафтениот картел за зголемување на испумпувањето, вицепремиерот на Русија и главниот преговарач на Москва во групата ОПЕК +, Александар Новак, рече дека ќе се придржуваат до својот план.

– Работиме согласно договорениот распоред. Заедничкиот договор е дека зголемувањето изнесува 400.000 барели дневно, рече Новак на прашањето дали имаат намера да го зголемат производството на нафта над планираното ниво со цел да го „оладат“ ненадејниот пораст на цените.

Извори блиски до групата ОПЕК + велат дека сојузот се држи до својот оригинален договор делумно поради загриженоста дека побарувачката и цените може да се намалат.

извор: МИА
Next Post

Поради недостиг на чипови, намалено производството на Ајфон 13

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk