ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Суштината на спорот со Бугарија нема ништо со евроинтеграцијата

October 14, 2021 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Суштината на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија нема ништо со процесот на евроинтеграција. ЕУ е систем кој што прифаќа разновидност и мултиперспективност. Нема ништо со исполнување на политичките и економските критериуми од Копенхаген. Се бави со прашања коишто се целосно внатрешни, прашања на земјата како јазикот е право што произлегува од правото на самоопределување на земјата.

Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на панел дискусијата насловена „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и безбедноста во кревка глобална средина”, во рамки на конференцијата Самит на Западен Балкан – „Промовирање на инклузивноста и солидарноста во Европа”, што се одржува во Скопје, во организација на престижниот магазин “The Economist”.

Тој додаде дека постојат повеќе патеки на кои што работиме во однос на надминување на спорот. Билатералната во рамки на која се работи на спроведување на Договорот за доброседство, и европскиот пат и позицијата на прашањето во процесот за интеграција во ЕУ при тоа го повтори ставот дека билатералните прашања не треба да бидат дел од процесот на проширување.

-Што се однесува до прашањето на јазикот имаме во моментов предлог од претседателствата и германското и португалското, преземен и од словенското и тоа е сеуште активен предлог и според нас тоа е добра основа за изнаоѓање решение. Од неодамна можам да видам и еден премин од наративот што ја поддржува идејата на наметнување апсолутна вистина и мешање во правото на луѓето да го прифатат тој наратив и предлогот 5+1 на последниот состанок за воведување на бугарската заедница во нашиот Устав за да ги имаат сите права за зачувување на својата култура, идентитет и историски атрибути. Мислам дека Северна Маскедонија е позната по признавање на правата на заедниците слободно да ги изразуваат своите атрибути и тоа е патот напред на кој што работиме, рече Османи во одговор на прашање.

Министерот Османи во своето обраќање меѓу другото, ги истaкна чекорите преземени од страна на нашиот регион во насока на доближување кон Европската унија, преку формирање заеднички регионален пазар и направениот исчекор кон зелена и дигитална трансформација, што од своја страна придонесува за одржливиот развој на самата ЕУ.

–Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан оди рака под рака со кредибилната политика на проширување на ЕУ. Доколку нема напредок во однос на досието на Северна Македонија оваа зима, тоа негативно ќе се одрази врз кредибилноста на ЕУ. Најевтината инвестиција за заживување на европската перспектива е преку преземање конкретни чекори кон секоја од земјите во регионот, истакна Османи.

Министерот Османи се осврна и на членството на Северна Македонија во НАТО, оценувајќи го како успешен и заемно корисен пример за безбедноста на земјава и Алијансата. При тоа упати порака дека не постои дилема дека прогресот на нашиот пат кон ЕУ ќе биде од заемна корист за земјава, регионот и за Унијата како целина.

На панелот се обратија и амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз и други високи претставници од регионот и академската заедница.

извор: МИА

Next Post

Во скринингот за Ковид 19 опфатени 364 основни и 109 средни училишта, важно е родителите да го поддржат тестирањето

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk