ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Тана де Зулуета: Го набљудуваме гласањето и примената на новата технологија, оценка за изборите утре

October 17, 2021 12:39
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата. Ова ќе ни овозможи систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави шефот на Mисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Северна Македонија, Тана де Зулуета по посетата на избирачкото место бр. 2805 во општина Центар.

– Бидејќи не станува збор за географски голема земја, со над 100 набљудувачи може да добиете статистички значајна анализа за спроведувањето на изборите. Задоволни сме што тоа можеме добро да го направиме, посочи Де Зулуета на новинарско прашање.

Во однос на проблемите кои се регистрирани со употребата на терминалите за отпечаток од прст при гласањето, таа вели, станува збор за нова технологија и се следи нејзината примена.

-Ние го набљудувавме отворањето на 54 гласачки места и продолжуваме со мониторингот. Ова е нова технологија и како и гласачите, гледаме како се применува. Рано е да се дадат какви било заклучоци, но ги нотираме сите проблеми доколку ги има, како и одговорот на гласачите. Ќе видиме како ќе се одвива денот. За проценката ќе треба да почекате до утре, затоа што како што знаете, не сакаме да коментираме за време на гласањето, рече шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Де Зулуета.

Ние строго се придржуваме до упатствата од властите за заштита од Ковид-19. Во земјава сме повеќе од еден месец и засега нема никакви инфекции. Сакаме да бидеме сигурни, додава таа, дека тоа нема да влијае и не влијае на нашата методологија.

Мисијата на ОДИХР е сосатвена од 20 долгорочни набљудувачи кои пристигнаа во земјава по 7 септември кога се отворени канцелариите на Набљудувачката мисија и оттогаш се распоредени низ земјава. Краткорочните набљудувачи се тука од средата и ќе останат до завршување на процесот на броење на глсовите. Мисијата ќе остане и за вториот круг од изборите, ако за тоа има потреба, вели Де Зулуета.

Минатата година во земјава ОДИХР имаше специјална мисија за проценка на Предвремените парламнетарни избори на 15 јули.

извор: МИА

Next Post

(ВО ЖИВО) Изборен ден: Прес конференција на ЦИВИЛ

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk