„Се уште е рано да се зборува за резултатите, но според првичните информации, досега имаме добиено четири општини во првиот круг, победа имаме во Дојран, Крива Паланка, Лозово и Валандово“ кажа заменик претседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на дебатата на ТВ Телма.
Денеска навистина имавме демократски избори, едни од подобрите организирани избори и тоа е важно за сите затоа што сметам дека само така ги враќаме демократските вредности таму каде што треба да бидат и граѓаните веруваат конечно во институциите, истакна Битиќи.
Тој додаде дека СДСМ исто така има водство во Бутел, Ресен, Крушево, Струмица и други општини според досега пристигнатите првични резултати.
„Ова е правецот што го зададовме. Нема да се повтори 2017 година и сметам дека не би требало да се повтори, бидејќи за демократијата е подобро да има разноликост, а не еднобојност“ кажа Битиќи.
Тој изјави дека е задоволен од изборниот ден и кажа дека демократските вредности се враќаат таму каде што припаѓаат и се враќа вербата на граѓаните во институциите.
Д. Е.