ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала: Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза

October 18, 2021 11:33
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во принцип, овие избори беа демократски, очигледно, заради тоа што опозицијата доби голем дел од позициите во локалната власт. Тоа значи дека граѓанките и граѓаните можеа да се изразат слободно на избирачките места, но, имавме еден многу сериозен проблем, фингерпринт апаратите. Тие практично го одбележаа денот, и добро е да се види што значеше изјавата на Даштевски дека ДИК не гарантира за функционалноста на овие фингерпринт апарати. Не Мораше да ни каже, тоа знаевме сите, дека никој не може да гарантира. Меѓутоа, некој мора да поднесе одговорност. И политичка, но и сите останати видови одговорности. Единаесет милиони евра отидоа во ветер, односно доколку тие апарати се внесат во систем и сериозно се работи, ќе треба едно година дена и на системот и на луѓето кои работат…

Имавме ситуација во која ние добивме информација од неофицијални извори дека системот на ДИК не работел во еден момент, подолго време. Исто така, имаме проблем со обуката на избирачките одбори.“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала денеска на Утрински брифинг.

Дерала се осврна на односот на дел на изборните органи, како што се општинските изборни комисии, кон набљудувачите на Организацијата, во текот на изборниот ден.

„Државната изборна комисија и нејзините органи имаат навистина добри и посветени луѓе кои професионално си ја одработуваат својата работа, но вчера имавме многу непријатни изненадувања, заради тоа што еден дел од изборните органи, вклучително и општинските изборни комисии, имаме и извештаи за тоа во текот на минатата ноќ, едноставно не сакаа да ги прифатат набљудувачите на ЦИВИЛ. Имате единствена организација која има вакво искуство во изборите… Имаше повеќе од десет случаи во кои член на избирачки одбор или претседател/претседателка на избирачки одбор, ги бркаше нашите набљудувачи, под изговор дека во ЦИВИЛ оваа година не се акредитирал во ДИК. Дека на ЦИВИЛ не му е местото тука, дури и со тие зборови е кажано на наш набљудувач, што е навредливо. Јас разговарав со човек од ДИК, ми беше ветено дека тоа ќе биде санирано, меѓутоа во текот на денот имавме уште три или четири такви случаи.“, посочи Дерала.

Во однос на нерегуларностите и инцидентите од вчерашниот изборен ден, Дерала вели дека овие избори, и покрај помалите нерегуларности, имавме фер и демократски избори.

„Ако видите дека за време на изборни процеси сме имале и убиства, за локални избори имавме и „олимписки“ кругови, по  седумдесет или сто луѓе на една адреса итн., влечени за уши, овие избори беа фер и демократски. Реално гледано, овие избори беа без инциденти, дури и бројката од 91 инцидент од Спасовски, и нас не изненади, мислевме дека има и помалку. Имаше низа нерегуларности коишто се однесуваа повеќе на кршење на изборниот молк… Има еден голем проблем, тоа што македонската политичка култура е таква што има огромна „толеранција“ кон црната кампања, и особено, родово базираната црна кампања. На тие малку жени кои имаа среќа да влезат во битката за локална власт, имаше неверојатна црна кампања која навистина е за срамота. Г-ѓа де Зулуета во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА изјави дека била шокирана кога дошла овде и кога ја видела претходната ситуација. Сега веројатно ќе биде нешто полоша.“, изјави Дерала.

Next Post

Во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кочани и Гевгелија ќе има втор круг на 31 октомври

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk