ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Вакцините не се „генетски боцки,“ ниту шират ковид

October 19, 2021 13:17
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани, пишува „Вистиномер“.

Водејќи се од девизата стопати повторена лага води кон вистина, неуморно се споделуваат тврдења за генетско влијание на вакцините против ковид-19, кои  наводно, се создадени само да се богати „фармацевтската мафија“!

Во согласност со ваквиот наратив Фејсбук пост повикува:

Македонци.
Не потпаѓајте на уцени од фармацевтската мафија да земате генетски боцки.Тоа не се вакцини за здравје туку шприцови за болест.

Овој краток пост, споделен 13 пати, со 50 допаѓања, шири лажни информации.

Прво, вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база.

Второ, повторно и повторно се наведува јавноста кон тоа дека вакцините предизвикуваат генетска модификација. „Гентските боцки“ се лага! Ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал.

Во објаснувањето на американскиот Центар за превенција и контрола на болестите (СДС) пишува дека новите мРНК вакцини, ги учат нашите клетки како да направат протеин, што предизвикува имунолошки одговор во нашите тела.

Тој имунолошки одговор, кој произведува антитела, е она што нè штити од заразување ако вистинскиот вирус влезе во нашите тела. мРНК никогаш не влегува во јадрото на клетката, каде што се чува нашата ДНК (генетскииот материјал). Се работи за вакцина која до дел од генетски состав РНК или RNA, пренесува „порака“ преку „гласник“(на англиски messenger) и оттука кратенката mRNA. 

Како што веќе пишуваше „Вистиномер“ генот се состои од ДНК и служи како базична физичка и функционална наследна единица. мРНК, пак, е различен од ДНК! РНК значи рибонуклеидна киселина. ДНК е дезоксирибонуклеинска киселина и служи како библиотека за инструкции за производство на протеини. Кога клетката сака да продуцира протеин, ја користи ДНК за да продуцира копија од мРНК. ДНК е во јадрото на клетките. Рибозомите не се. Поради тоа, мРНК од ковид вакцината нема да влезе во јадрото на клетката, туку едноставно ќе оди во рибозомите кои ќе го продуцираат спајк протеинот.

За разлика од вакцините, генетската терапија се дава преку вметнување на ген во клетката, со цел да замени мутиран ген, кој предизвикува патогени промени во организмот.

Генетската терапија, според американската Агенција за храна и лекови, може да работи преку неколку механизми:

  • Замена на генот што предизвикува болест со здрава копија на генот;
  • Инактивирање на ген што предизвикува болест кој не функционира правилно, и
  • Воведување нов или модифициран ген во телото за да помогне во лекувањето на болеста.

Околу тврдењето дека вакцините се „шприцови за болест“, одговор на дезинформациите се фактите од македонското Министерство за здравство. Анализата на бројот на заболени и починати од ковид во С.Македонија во периодот од 6 август до 7 октомври, покажува дека 38.019 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминатите два месеца, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица, кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1.277 пациенти со ковид-19, 1.070 пациенти од починатите, односно 84% не биле вакцинирани, а само 16%, односно 207 примиле вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Според сето ова, објавениот пост го сметаме за дезинформација, тој ги наведува читателите на погрешни информации за влијанието и ефикасноста на вакцините против ковид-19, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Весковски: Жителите на Карпош знаат што се реални ветувања, бетонизацијата на Јакимовски не им е потребна

НАЈНОВО

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk