ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Весковски: Жителите на Карпош знаат што се реални ветувања, бетонизацијата на Јакимовски не им е потребна

October 19, 2021 13:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да си ги зацврстиме своите редови, ја сфативме пораката на народот, во текот на вчерашниот ден ги направивме анализите за тоа каде потфрливме и каде треба да реагираме, верувам дека во Карпош живеат луѓе кои знаат кои се реалните ветувања, а не бетонизацијата поради која и беше сменет мојот противкандидат Стевче Јакимовски, изјави за Утрински брифинг, Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ.

-Имаме два различни концепти. Еден којшто нѐ сплоти во 2016 година да протестираме и да демонстрираме против урбанизацијата, бетонизацијата на општина Карпош. Сега имаме проевропски концепт, наспроти нешто што имаме веќе видено во три наврати, верувам дека граѓаните имаат јасна слика каде ќе ги насочат своите гласови, дополни тој.

Весковски појасни дека веројатно ќе се мобилизираат нашите коалициски партнери, особено независните кои и протестираа против Јакимовски за бетонизацијата на општината Карпош.

– Демократијата е она зад кое стоиме, колку и да оди против СДСМ, ние денеска имаме огормен број кандидати, огромен број на советнички листи, а тоа е еден голем успех.Мислам дека имаме јасен концепт за Карпош и мислам дека сме во можност да мобилизираме и поголем број граѓани во вториот круг, вели Душко Весковски кој во вториот круг од локалните избори ќе „се трка“ со Стевчо Јакимовски од ГРОМ за прв човек на скопски Капорш.

Тој појасни дека општината е сеуште блокираната, треба да се доисплати долгот, вети паркови, катна гаража во Лептокарија, младински центар и две нови градинки.

„Мора да имаме реални проекти за граѓаните, општината четири години беше блокирана и се уште е блокирана за жал. Не знам колку граѓаните тоа го разбираат, но општината има долг од 4 и пол милиони евра“ кажа Весковски. Тој повтори дека во неговата програма се предвидува планска и хумана урбанизација на општината кон Злокуќани, Бардовци и касарната Илинден, а најави и изградба на голем парк, на 86 илјади квадратни метри, во Карпош 4, како и катна гаража кај Лептокарија.

Д. Е.

Next Post
Фото: ЗНМ

ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk