ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

ЕК: Да се зајакне меѓуинституционалната соработка за заштита на културното наследство

October 21, 2021 07:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија треба да ја зајакне меѓуинституционалната соработка во поглед на заштитата на културното наследство, при што важно е да се спречи градењето на дивоградби, особено во Охрид и Старата скопска чаршија, кои се прогласени за културно наследство од особено значење, оценува Европската Комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјата.

Комисијата потсетува дека ревизијата на правната рамка за култура и заштита на културното наследство, како и Националната стратегија за заштита на културното наследство беше дополнително одложена, и препорачува да се интензивира спроведувањето на Националната стратегија за развој на културата 2018-2022, но и да се обезбедат соодветни буџетски распределби.

Според извештајот, потребно е да се поддржат културните политики кои се насочени кон стимулирање на развој на културните и креативните индустрии, кои би придонеле до економски развој но и поголема толеранција меѓу заедниците.

Европската Комисија во извештајот препорачува и да се зајакне административниот капацитет на Министерството за култура.

Потсетуваат дека активностите за спроведување на Конвенцијата на УНЕСКО од 2005 година за заштита и унапредување на различноста на културните изрази беа дополнително одложени.

Според извештајот, учеството на земјата во програмата Креативна Европа е на задоволително ниво. Темите од оваа програма, како што се наведува во Извештајот, се слични како и во 2019 година, поточно фокусот беше ставен на ИКТ дигитални компетенции, државјанство на ЕУ и демократија на ЕУ, инклузија, вработливост и претприемништво, животна средина и климатски промени и младинско учество, при што младите добија 23 грантови, со просечен износ од 12,753 евра по грант и со вклучување на 144 организации учеснички минатата година./МИА/.

Next Post

Светска банка ќе го претстави редовниот полугодишен извештај за Северна Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и Србија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk