ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Претседателот Џафери со потпретседателката Џонсон Форнаве

October 21, 2021 17:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа, која се одржува во Атина, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со потпретседателката на шведскиот Риксдаг, Лота Џонсон Форнаве.


Оценувајќи ги односите меѓу двете држави како особено добри и пријателски, Претседателот Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка на Шведска на демократскиот и економскиот развој на нашата држава преку бројни развојни проекти, како и за силните заложби за продолжување на политиката на проширување на ЕУ. Тој ја поздрави инцијативата на Риксдагот да започне соработка за демократски развој со Собранието на Република Северна Македонија, и во тој контекст, упати особена благодарност до потпретседателката Џонсон Форнаве како претседавач на Управувачката група од шведската страна, за нејзиниот ангажман како еден од иницијаторите на оваа соработка. Тој информираше за актуелните
случувања во земјата, за текот на локалните избори и за резултатите од првиот круг, а се осврна и на евроинтегративниот процес, при што изрази надеж дека наскоро ќе се најде решение за спорот со Бугарија и до крајот на годината, земјата ќе ги започне преговорите за членство во Унијата.

Потпретседателката на Парламентот на Кралството Шведска, Лота Џонсон Форнаве, ја оцени како исклучително плодна соработката воспоставена меѓу Управувачките групи на Собранието и на Риксдагот, во кои се застапени пратеници од сите политички групи во двата законодавни дома и информираше дека по одржаните три состаноци на далечина, впечатоците од двете страни се многу позитивни и изрази уверување дека двете држави ќе имаат корист од заедничките активности и од размената на искуствата. Ја најави и првата посета во Шведска на пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, закажана за почетокот на декември. Таа ја нагласи силната поддршка на Шведска за членството
на Република Северна Македонија и изрази уверување дека проблемите можат да се
решат со волја од двете страни.

Next Post

Забрчанец: Општините да продолжат да ја зголемуваат својата транспарентност и да бидат во чекор со централната власт која неколку години го држи првото место во регионот

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk